Многу често луѓето во шала знаат да кажат дека на светот само две работи се сигурни – смртта и данокот, но изгледа дека смрта е безболна бидејќи човекот само еднош умира, но данокот мора да се плаќа одново и одново.
Луѓето лесно се помируваат дека плаќањето на различни такси е обавезно но, некои земји сепак претеруваат со оданочување на некои работи.
Она што нас ни се чини смешно дури и лудо, во неко земји го разбираат како многу озбилна работа за која луѓето мораат да плаќаат данок.
Најлуди порези имаат Уганда, Танзанија, Романија и Венецуела.
Уганда – Социјални мрежи.
Уганда од 1.јуни оваа година вовела данок на користење на социјалните мрежи и апликации, како што се Фејсбук, Твитер и Вацап.
Со воведување на овој, многу контраверзен данок, граѓаните кои ги користат овие социјални мрежи, мораат да платат 200 шилинги односно 0.05 долари дневно, само во деновите кога ги користат.
Претседателот на Уганда Јовери Мусевени изјави дека овој данок е неопходен како самата држава би се спротиставила на ширењето лажни вести на социјалните мрежи. Граѓаните на Уганда се спротиставуваат на овој потег и ја обвинуваат владата дека им го крши правото на слобод на говорот.
Ова нее прв пат Мусеавени да донесе мерка против користење на социјалните мрежи. Во 2016 година после изборите забранил пристап на сите социјални мрежи во земјата, тврдејќи дека луѓето ги користеле за ширење лаги.
Танзанија – Блогирање.
Од 16. март оваа година Владата на Танзанија донела данок за сите креатори на онлајн содржините. Овој данок се плаќа на годишно ниво и тоа во износ од 440 долари. И згода над тоа, сите кои планираат да продолжат се занимаваат со блогирање мора да добијат лиценца како би продолжиле со својата работа.
Со воведувањето на најновите такси за блогирање, поточно не се однесува само на блогерите, туки и на корисниците на социјалните мрежи, членовите на онлајн форумите, креаторите на видеа, онлајн радио и телевизија, како и на претплатниците на онлајн содржините.
Исто така, од блогерите и креаторите на онлајн содржините се бара да се регистрираат кај танзаниското регуларно тело за комуникации, каде треба да се согласат дека нема да објавуваат навредливи содржини како што се: порнографија, насилство, говор на омраза, лажни вести и други содржини кои можат да предизвикаат вознемирување.
Почетните трошкови за регистрација изнесуваат 100.000 танзаниски шилинги, односно 44 долари. После тоа, блогерите и останатите креатори на содржини на веб страните, ќе мораат да плаќаат дополнително за лиценца во износ од 440 долари, почнувајќи од годината во која ја добиле дозволата. Лиценцата може да се обновува секоја година. На сторителите кои нема да се држат до правилата им прети парична казна од 2.500 долари или една година затвор.
Швајцарија – Кучиња.
Жителите на Швајцарија кои поседуваат кучиња, мораат да плаќаат годишен данок на своите куќни миленичиња, во спротивно нивните миленичиња можно е бидат убиени. Овој данок не е точно утврден, но зависи од големината на животното. Во зависност од општината, кучињата кои се сметаат како водичи и спасувачи можат да бидат ослободени или со помалав износ на данок.
Како што можеше да се очекува, како и останатите даноци, луѓето понекогаш ги избегнуваат да ги плаќаат. Како би се осигурале дека граѓаните ќе го плаќаат овој данок, властите на селото Реконвиллер, со 208 кучиња, се заканија дека ќе ги убијат сите животни чии сопственици одбиваат да платат. Во тоа време, данокот изнесувал 48,50 долари годишно.
Властите на ова село не се иницијатори на идеата за убивање на кучиња чии сопственици не сакаат да плаќаат данок, тие тврдат дека од 1904 година постоел закон што ова го дозволувал па се до 1960 година.
Германија – Религија, Радио и ТВ.
Во Германија од католичките и протестанските верници се очекува да плаќаат одредени данок на приход како би помогнале при финансирање на црквите. Данокот го собира владата и потоа го дели на црквите. Овој вид на собирање средства, представува значаен приход за двете цркви во земјата.
Единствен начин кој ги ослободува верниците од плаќање на овој данок е, официјално да ги напуштат црквите, но од друга страна, значи губење на одредени бенефиции. Секој Германец кој официјално ќе ја напушти католичката или протестанската црква, автоматски го губи правото на религиозно погребување и пристап на сите црквени и дел од државните школи, а како и нема да можат да се исповедуваат.
Во текот на седумдесетттите години, Германија вовела специјален данок за граѓаните кои поседуваат радио и ТВ уреди. Тоа е околу 20 евра месечно и се користи за финансирање на државната телевизија и радио мрежите. Данокот предизвика граѓански немиви во 2013 година, кога владата бараше сите граѓани да го платат овој данок, па дури и ако не поседувале радио и ТВ уреди.
Венецуела – Дишење.
Венецуела не наплаќа данок на дишењето, туку воведен е посебен термин данок на дишењето во износ од 127 боливари, односно 20 долари и тоа за патниците кои летаат од меѓународниот аеродром во Каракас. Владата изјави дека данокот е неопходен, како би се надокнадиле трошковите за поставување на новиот систем за филтрирање на воздух на аеродромот.
Франција – Паметни телефони и таблети.
Франција во текот на 2013. година размислувало да се воведе посебен данок за користење на паметните телефони и таблети, кој би изнесувал еден
посто од вредноста на уредот, кој ќе се користи за финансирање и креирање на француски филмови, музика и слики.
Данокот е врз основа на политиките на културните исклучоци воведени во 1993 година, според која француските радиодифузери се очекувало да платат културен надомест за финансирање и промовирање на француски културни проекти.
Америка – Мито, крадена роба, марихуана и други нелегални приходи.
Службата за внатрешни приходи на Соединетите Држави(ИРС) бара секој еден што ќе прими мито, да го пријави како дел од својот приход и да плати данок. ИРС исто така бара да се пријават приходите од нелегалните активности, како што е трговијата со дрога, како би се платил данок кој би одговарал во склад со делото.
Во случај на кражба, од крадците се очекува да платат соодветен данок на моменталната вредност на пазарот од украдените работи, а ослободен е од данк ако истата година ја врати украдената имовина.
Оданочувње на незаконските приходи е многу контравезно. Тоа е во спротивност со Петтиот амандман, кој му дава на човекот право да се заштити од мешање во криминал. Меѓутоа, ИРС сметаше на тоа, па заради тоа на секој еден кој се занимава со нелегални работи му е возможено да не го откриваат начинот на кој дошле до парите. Доволно е само да го наведат како “друг приход”и да платат важечки данок.
Познатиот амерички гангстер Ал Капоне влезе во затвор во триесеттите години минатиот век поради затајување на данок, а не поради убиствата, нелегалната продажба на алкохол или другите криминални активности.
со легализирањето на марихуаната и понатаму останува прашањето на дебата во САД. Медицинската марихуана – која можете да ја купете само со лекарски рецепт – легална е во 29 држави и Вашингтон, додека рекрееативната марихуана – која се зема само заради задоволство, за која не ви е потребен рецепт, легална само во 9 држави и Вашингтон. Сепак, америчката федерална влада ја смета марихуаната како нелегална и покрај контрадикторните државни закони.
Па сепак, ИРС бара од произведувачите на марихуана да плаќаат федерален данок на приход за оваа нелегална супстанција, кој генерално изнесува повеќе од даноците што ги плаќаат другите компании.
извор: Telegraf
MD









