Абас на финалниот натпревар на СП, предвиден разговор со Путин

0
474

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе присуствува на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Русија, изјавил Џибрил Рјоуб, претседател на Палестинската фудбалска асоцијација.
Тој за агенцијата ВАФА изјавил дека претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, на Абас го поканил на финалниот натпревар заедно да го гледаат со другите светски лидери.
За време на неговиот престој во Русија, Абас планира да се состане со претседателот на таа земја, Владимир Путин, како би се разговарало околу билатералните односи меѓу двете земји и актуелната политичка ситуација.
Финалниот меч на Светското првенство ќе се одигра во Москва на 15-ти јули.
Во исто време, ТАСС објави дека рускиот претседател Владимир Путин го поканил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на финалниот меч во Москва.
Извор: Фена