Во последниве денови, домашните и странските медиуми обезбедуваа информации и извештаи за тоа како турскиот претседател и неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) би можеле да имаат сериозни тешкотии во остварувањето на нивните политички цели посл предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција: во случајот со Ердоган, се споменуваше никогаш поголемата можност дека тој, иако како несомнено релативен победник, мора да оди во вториот круг од изборите, а во случајот со АК партијата на која се наоѓа на чело, се споменуваше дека тој и неговиот коалициски партнер најверојатно нема да го обезбедат мнозинството во турскиот парламент.
Како и да е, овие предвидувањата-прогнозите и надежите, пред се на Западните земји, кои со Турција на Ердоган веќе со години не успеваат да најдат “заеднички јазик” за голем број прашања (треба да се биде искрен и каже, не само по негова вина), по кој знае пат, се покажаа како погрешни и представуваа само посакувано за нешто друго, реално.
Реџеп Тајип Ердоган го доби апсолутно мнозинство гласови и доверба за функцијата претседател на државата на предвремените претседателски и парламентарни избори, објави турската изборна комисија. Ердоган освои 52,5 отсто од гласовите во пребројаните 98 отсто од гласовите. Неговиот главен противник, Мухарем Инче, освои 30,7 отсто од гласовите, претставникот на прокурдската Народна демократска партија, Селахаттин Демирташ, 8,4 отсто, а останатите тројца кандидати заедно добија помалку од 9 отсто од гласовите.
Што се однесува до резултатите од парламентарните избори, Партијата на правдата и развојот на Ердоган освои 42,4 отсто од гласовите, а нејзиниот коалициски партнер – Националистичката партија на националното движење доби 11,1 отсто. Двете партии, обединети во Националната лига, обезбедија парламентарно мнозинство. Главната опозициска Републиканска партија освои 22,7 отсто, добра партија 10 отсто и партија 1,4 отсто. Тоа е, оние партии, обединети во Националната алијанса, добија 34,1% од гласовите на избирачите. Парламентот, исто така, ќе се приклучи на прокурдската Народна демократска партија, која го усвои избирачкиот праг од 10 отсто, освојувајќи 11,5 отсто од гласовите.
Конечните официјални резултати од изборите в недела ќе бидат објавени за десет дена откако сите жалби и жалби ќе бидат разгледани.
Значи, во најкратки црти може да се заклучи дека турскиот претседател Ердоган успеа дефинитивно во своите планови и на овие избори да ја консолидира својата влада во намерата да воведе претседателски систем со широки овалстувања, за што доби најмногу поддршка на референдумот на турските државјани минатата година. Освен тоа, Ердоган ќе има мнозинска поддршка на парламентот по овие избори, каде со воведување на претседателскиот систем, и онака на парламентот ќе му бидат намалени,претходните овластувања. Сите други калкулации и инсинуации дека Ердоган и неговата партија освоиле помалку гласови отколку порано, дека турски граѓани се “будат” и дека е очигледно дека тие бараат промени и слично се сосема неважни. Победата на Ердоган е целосна, без разлика дали тоа му се допаѓало некого или не, а после минатата недела, Турција дефинитивно зајакната влегува во сосема нова ера на својот развој, што е од витално значење во овие несигурни и неизвесни глобални времиња. Ердоган сигурно ќе знае како тоа да го искористи, а уште и по сигурно е тоа дека спрема него, од денес многу светски политички центри ќе се однесуваат со поголема доза на почитување. Турција е едноставно голема земја и неизбежен геополитички фактор лоциран на пресекот на Истокот и Западот, и никој не може и несмее тоа да го игнорира..









