При експлозија во зграда во германскиот град Вупертал во западниот дел на  земјата, повредени се 25 лица, од кои четворица се здобиле со тешки повреди, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случи синоќа пред полноќ, во висококатница, а истрагата за причината за експлозијата е во тек.

Пожарникарите и денеска го гаснат огнот.

Неколку мали пожари избувнале внатре во зградата, а пожарникарите, освен на огнот, мора да внимаваат и на тоа што делови од зградата постојано се уриваат.

-Во моментов не може да се исклучи дека во зградата има и други луѓе, изјавија од полицијата утринава. “Акцијата за спасување е во тек. Инженери се обидуваат да ги стабилизираат делумно урнатите згради за да спречат целосно паѓање“, велат надлежните.

Полицијата го опиша местото како „целосно уништен простор“, а фотографиите прикажуваат купишта урнатини околу зградата.

-Како ова се случило и што е позадината, засега останува сосема нејасно, изјави портпаролот на полицијата.

Извор:НоваТВ