Прво слетување: Авионот на Ердоган слета на новиот аеродром во Истанбул

0
1347

Првото слетување на новиот аеродром во Истанбул, еден од најголемите во светот, го изврши авионот “ТЦ-АНК” во кој се наоѓал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Авион во кој се наоѓал турскиот претседател, кој претстојувал во посета на Кахраманмарас и Газиантеп на предизборни собири, во вечерните часови слетал на новиот аеродром во Истанбул. Авионот слета на пистата број еден, а турскиот претседател во текот на слетувањето се наоѓал во кабината на пилотот.
Ердоган на аеродромот бил пречекан од министерот за транспорт и врски, Ахмет Арслан, службениците на аеродромите, пилотите и другите вработени. Во краткиот говор, Ердоган изјавил дека е задоволен заради изградбата, како што рече, на прекрасниот аеродром.


– Ви честитам на сите, од членовите на конзорциумот, архитектите до инженерите. Навистина имаме прекрасен аеродром. Сè е прекрасно, од пистата, осветлување до терминалот. Нека биде од корист за нашиот народ, земјата и целото човештво – рекол Ердоган.
Повеќе од 90 проценти од новиот аеродром веќе е завршен, кој ќе биде отворен на 29-ти октомври. Во првата фаза од аеродромот ќе може да се изврши 3.500 патувања и слетувања дневно. Се очекува дека околу 225.000 работници ќе бидат ангажирани во изградбата на аеродромот. Новиот аеродром во Истанбул, секако еден од најголемите во светот, ќе превезува 90 милиони патници годишно, додека до 2023 година тој број ќе се зголеми на најмалку 150 милиони патници.
Турција претходно ја извести Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) и Меѓународната организација за цивилна авијација (ИКАО) за отворањето на аеродромот на 29 октомври 2018 година на Денот на Република Турција.
Аеродромот го гради конзорциум од пет изведувачи: Лимак, Колин, Ченгиз, Мапа и Калион. Името на аеродромот сè уште не е решено. Со инвестиција од 120 милиони евра, новиот аеродром во Истанбул ќе биде дом на најголемиот светски трговски комплекс. Комплексот за продажба од 53.000 квадратни метри се состои од шест акции, вклучувајќи продавници за луксузни брендови.

Извор:faktor