Седум лица загинале кога камион, на кого му се расипале сопирачките удрил во група луѓе во провинцијата Чиапас, Мексико, кои во тој момент оддржувале протест.
Според извештаите на локалните медиуми, несреќата се случила во Тукстла Гутиерез во провинцијата Чиапас.
Наводно, на камионот му откажале сопирачките, по што прво удрил во блиските автомобили, а потоа и во групата луѓе кои учествувале во протестите на просветните работници.
Според најновите информации, седум лица смртно настрадале.
Меѓу загинатите се просветни работници и членови на полицијата кои биле во близина.
Обвинителот објави дека до несреќата, во која возачот на камиот е повреден дојшло откако на камионот му откажале сопирачките.
Извор: faktor









