Стотици Палестинци клањале Бајрам-Намаз на израелската граница. Меѓу кои и Исмаил Хеније, претседател на политичкото крило на палестинското движење Хамас и член на Политбирото на Хамас Халил ал-Хаје.
Хаје во Бајрамска хутба изјави дека со векови на оваа област не клањале бајрам-намаз. Тој посочи дека целта е да се покаже дека кланањето на Бајрам-намаз во оваа област продолжува со мирни демонстрации на “Големиот марш за враќање” одржан на 30 март на границата во Газа.
“Дојде време блокадата на Газа безусловно и засекогаш да биде укината”, рече Хаје. Тој, исто така, потсети дека израелските војници пукаат во деца, жени и беспомошни цивили.
Израелските војници во екот на мирните демонстрации кои од 30.март се оддржуваат на границата на Газа,убија 128, а беа повредени повеќе од 14.000.
Извор:(Vijesti / AA)
Палестинците клањале Бајрам намаз на границата со Израел











