Рускиот претседател Владимир Путин неодамна ја покажа внатрешноста на најновиот додаток на неговиот автомобилски конвој, пишува rt.com.Путин го поканил крунисаниот принц на Абу Даби Мохамед бин Зајед ал Нахијан, кој моментно е во посета на Москва за да го погледне новиот автомобил, кој е дел од проектот ” Кортеж “.
Додека се приближувале до црната лимузина паркирана во близина на Големиот замок на Кремљ, Путин му кажал на својот гостин дека автомобилот е малку поголем од Мерцедес.
“Многу е удобен”, изјавил Мухамед бин Зајед додека седел во лимузината со Путин.
Автомобили од домашно производство од најновата линија Aurus се наменети за превоз на високи функционери.
Лимузината за првпат беше презентирана на јавноста за време на церемонијата на инаугурацијата на Путин во мај.
Вообичаените возила на Аурус, исто така, може да се најдат на масовен пазар, имајќи предвид дека тие се “прифатливи за луѓето од сите приходи, вклучувајќи ја и средната класа”, истакнал Путин.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=COR3yFERV5o[/embedyt]








