Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој пристигна во работна посета на БиХ, ќе се врати во Турција порано од планираното, објави Н1. Иако првобито со протокол беше поредвидена, прошетка по Стариот град Сараево од Себиљ кон Гази Хусрев бег џамијата, каде што Претседавачот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган требаа да клањаат акашам-намаз, тоа нема да се случи. Исто така, планираниот заеднички ифтар нема да се одржи.
Како што е соопштено, по Конгресот на европско-турските демократи (УЕТД) во Зетра, претседателот на Република Турција ќе го посети и Меѓународниот универзитет во Сараево, каде што ќе му биде доделен почесен докторат и ќе се врати во Турција.
– Слушнав за веста дека се подготвува атентат и токму заради тоа дојдов овде, Ердоган одговорил на прашањето на новинарот за информации за неговиот атентат и додал дека на овој пат тргнува без било какво застанување, иато како и она вечер кога во Турција имаше обид за државен удар.
Извор:(Vijesti)









