Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека цел на неговата земја е размена со Србија во вредност од пет милијарди долари и порача дека ќе продолжи да ја зајакнува стабилноста и мирот на Балканот, и покрај тоа што на некои тоа им смета.
Ердоган, по разговорите со шефот на српската држава Александар Вучиќ во Анкара изјави дека целта на Турција е да го зголеми обемот на трговијата меѓу двете земји од минатогодишната милијарда, на две милијарди во ова, и три милијарди после тоа, со цел да се достигне пте милијарди долари.
На заедничката прес-конференција Ердоган изјави дека има некои на кои им сметаат турските активности и добрите односи со Србија и БиХ на Балканот и кои се обидуваат да манипулираат со напорите и да ги променат фактите, објави Танјуг.
“Турција ќе продолжи да им нанесува удари на плановите на оние кои се обидуваат да предизвикаат криза и нестабилност во Турција и регионот. Им порачувам наместо да се занимаваат со залудни напори повикуваме за дестабилизација на Турција, подобро е тие напори да ги вложат во воспоставувањето на мирот и стабилноста на Балканот”, рече тој. .
Ердоган изјави дека е почестен што тој имал можност да разговара со српскиот претседател за продлабочување на соработката и да одржи прв состанок на Високиот совет за соработка на двете земји, што беше договорено со Декларацијата за политичко партнерство потпишана за време на неговата посета на Белград минатата година.
“На денешната средба разговаравме за сите нивоа на нашите односи, разменувавме мислења и дискутиравме за бројни меѓународни теми. Трговската размена минатата година надмина 1 милијарда долари, што е многу задоволително, но оваа година ќе надмине две милијарди, а потоа и три, ќе поставуваме нова цел од пет милијарди долари “, рече тој.
Тој рече дека една од целите е взаемно подтикнување на инвестициите и дека Турција е почестена што нивните бизнисмени вложуваат во различни делови на Србија.
Тој истакна дека имал вчера имал можност да се сретне со бизнисмените и дека ја видел желбата да инвестира во Србија, а Турција, додаде тој, ќе ги охрабри понатамошните инвестиции, но исто така и ќе ги зголеми.
Како што рече, претседателот Вучиќ му дал голем поттик на турските инвеститори, за што му се заблагодари.
Тој посочи дека српските и турските инвеститори преземаат заеднички вложувања во трети земји и истакна дека Турција ќе продолжи да го споделува своето искуство со Србија во областа на инфраструктурните проекти.
“Проектот за автопатот Белград-Сараево, кој ќе се реализира со поддршка на нашата земја, е многу важен, бидејќи ќе ги зајакне односите во регионот, тоа е мировен проект и ќе се реализира во најкраток можен рок”, објави Ердоган.
Тој, исто така, рече дека посетата беше разговарано за време на оваа посета, како и дека е потпишан Меморандум за соработка, што ја потврдува важноста што Турција му ја дава на овој проект.
Тоа е, според неговите зборови, важно за спојување на народите на Србија и БиХ, а истовремено ќе придонесе и за безбедноста на граѓаните и патниците.
“Му пречело тоа некого или не, ние ќе продолжиме да работиме на зајакнување на мирот и стабилноста на Балканот, која веќе ја остваруваме преку нашите организации”, истакна тој.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










