Саудискиот крал Салман и принцот Мохамед го отворија пространото одморалиште Qiddiya како дел од амбициозната стратегија за заживување на економијата и намалување на социјалните ограничувања. Qiddiya се наоѓа на еден час возење од главниот град Ријад и се протега на 334 km2, што значи дека е 2,5 пати поголемо од Disney World.

Истиот го вклучува тематскиот парк Шест знамиња, водни паркови, спортски терени за мото спортови, културни настани и куќички за одмор. Портпаролот вели дека очекуваат да привлечат 1,5 милиони посетители на почетокот на годината, а првата фаза ќе биде отворена во 2022 година.

Локалните медиуми објавија дека само инфраструктурата ќе чини 30 милијарди ријали, или околу осум милијарди долари, и дека десетици милијарди ријали би можеле да бидат инвестирани во целиот проект.

Потсетуваме, во Кралството Саудиска Арабија, неодамна беше отворено првото кино, по забраната која траеше речиси 40 години. Принцот Мохамед и неговиот татко присуствуваа на  церемонија која вклучуваше изведба на музички оркестар во живо, огномет, и говори во кои двајцата лидери беа пофалени за нивните заслуги.

Во февруари во Ријад се одржа фестивал на џез музика, додека во септември Саудиска Арабија им дозволи на жените да полагаат возачки испит од јуни 2018 година. На жените им е овозможено да посетуваат спортски настани на стадиони во три града, додека на студентите им е дозволено да ги носат своите мобилни телефони во кампусот. Во политиката, жените сега можат да вршат важни функции без надзор на мажите. Сите овие потези се важни чекори кон модернизацијата на Кралството.

Извор:(Vijesti./ Klix)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here