Палестинците собраа илјада автомобилски гуми за да ги запалат на границата на Појасот Газа и Израел во континуираните масовни протести за враќање на палестинските бегалци и против израелската блокада.
Израел објави дека војниците ќе продолжат да пукаат на било кој демонстрант кој ќе се приближи до граничната ограда, додека еден израелски претставник му напишал писмо на Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ја да ја спречи “еколошка катастрофа” што ќе произлезе од обидите на Палестинците да со густата чад од запалените гуми да ги спречи војниците да ги видат демонстрантите.
Палестинските младинци ги собирале ширум Појасот Газа во изминатите неколку дена и ги донеле до граничното, прогласувајќи го утрешниот ден како “Петок на стари гуми”.
Тие го објавија својот план за социјални мрежи со апели да не се облекуваат впечатливи облеки и да ги покриваат нивните лица, бидејќи израелските беспилотни летала (дронови) ќе ги снимаат присутните за брзо да ги идентификуваат.
Исто така, било потенцирано да се носат само палестински знамиња за да не се види на која организација припаѓаат демонстрантите. На жените им се советува да донесат огледала и ласерски покажувачи за да ги заслепат војниците.
“Ве повикувам како шеф на меѓународна организација чија цел е да се промовира здравјето, да се заштитат природните ресурси, да се направи се што е во ваша моќ јавно да предупредупредите против еколошката катастрофа и да протестирате против неодговорното однесување на Хамас”, напишал израелскиот генерал-мајор Џоав Мордехај, координатор на активностите на Владата Израел во Палестинските територии на генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом.
Мордехај предупредил на Фејсбук дека самите жители на Газа ќе се задушат во чадот,и дека млад лук нема да им помогне, алудирајќи на фактот дека минатиот петок им беило советувано да употребуваат лук како средство против солзавец.
Тој исто така предупреди дека чадот е канцероген и го отежнува за респираторниот и имун систем.
Израел, и покрај апелот на ОН, ЕУ и шефот на Арапската лига и Израелци заминале да го истражат насилството на границата, како и да ги поканат израелските организации за човекови права на војниците да ги одбијат наредбите за пукање на бојните полиња, објави дека нема да се откаже од остар одговор на протестите.









