Унгарската полиција соопшти дека неколку лица се повредени во судир на два автобуси на меѓународниот аеродром “Ференц лист“ во Будимпешта, објави МТИ.
Се тврди дека две повредени лица имаат сериозни повреди по судирот на Терминал 2Б на тој аеродром, објави Танјуг.
Портпаролот на унгарската Национална служба за итна помош, Пал Џерфи, изјавил за МТИ дека девет лица се повредени во ова сообраќајна несреќа.
“Повеќето имаат одредени посекотини, додека некои од нив имаат фрактури на коските”, изјавил Џерфи, додавајќи дека ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Унгарската агенција соопшти дека сите повредени возрасни лица се од различни националности, не прецизирајќи за чии државјани станува збор.
Извор:cdm









