Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека од почетокот на операцијата “Маслинова гранка“ на северозападна Сирија неутрализирани се 3.844 терористи и дека операцијата продолжува согласно планираното.
Ердоган, говорејќи на редовниот конгрес на владејачката Турска Партија на правда и развој (АК Парти) во провинцијата Адана, истакна дека турските сили водат решителна борба против тероризмот во регионот. Турскиот претседател, исто така, рече дека Турција никогаш нема да се предаде на империјалистичките и недобронамерните сили, ниту ќе им дозволи на своите браќа и соседи да паднат во нивните раце.
“Затоа ќе се бориме и нема да застанеме додека не го уништиме последниот терорист во регионот”, рекол Ердоган.
Тој рече дека сириските бегалци од Турција ќе бидат вратени во ослободениот северен сириски регион и дека Турција ќе помогне во тој процес.
– Нашата армија носи мир и љубов. Се бориме само против терористи – истакнал Ердоган.
Турскиот претседател остро ги осуди неодамнешните изјави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводните цивилни жртви во операцијата спроведена од турските сили во Сирија.
– Нетанјаху, многу си слаб и многу чуден. Преиспитај се малку. Ние се бориме против терористите, а тие не се твој проблем, бидејќи ти си терористичка држава – рекол Ердоган.
Нагласувајќи дека Турција во својата историја и традиција нема срамна дамка на окупаторство и колинијалист, Ердоган рекол дека Нетанјаху е окупатор кој живее на окупираната палестинска земја.
– Нетанјаху, ти си терорист и историја го забележува-запишува тоа што го правиш над палестинскиот народ. Тоа нема никогаш да ти го заборавиме “, рекол Ердоган.
Укажувајќи на решавачката борба на Турција против терористичката организација ФЕТО, Ердоган изјавил дека турската разузнавачка служба неодамна “спакувала и испорачала” шест мина терорисит од Косово.
– Бегаат, а ние ги фаќаме. Ќе дојде редот и на оние во Пенсилванија. Може да бегате, но не и вечно – порачал Ердоган.
Извор:faktor








