Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Пјонгјанг првпат се сретна со висок претставник на Јужна Кореја и изјавил дека тоа станало можно заради “силна волја за активен напредок”. Тој, исто така, го најавил и почетокот на “нова историја на обединување на држави”.

Јужнокорејската делегација, предводена од шефот на Канцеларијата за национална безбедност, пристигна во главниот град на Северна Кореја со цел да ги поттикне Северна Кореја и САД да седнат на преговарачката маса.

На севернокорејскиот лидер му било дадено писмо од неговиот јужнокорејски колега, и му било кажано дека претседателот Мун  предлага да се одржи средба на највисоко ниво. Лидерот на Северна Кореја веднаш издал наредба за “итно превземање на мерки во овој поглед”.

Иако односите меѓу Северна Кореја и САД се на ниво на постојана вербална војна и меѓусебни закани за воено уништување, односите меѓу двете Кореи одеднаш се подобрија, поточно, меѓусебната напнатост се намали, за време на неодамна одржаните зимски олимписки игри во Јужна Кореја, на кои присуствуваа високи представници на севернокорејската државна делегација.

Извор:geopolitika

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here