И кога веќе помисливме дека овогодинешниот снег ќе не замине (заобиколи) за разлика од одредени подрачја на Балканот, и дека на истиот ќе може да му се радуваме само на оној кој веќе ни паднал на падините на нашата Подгоречка, утринската глетка сепака ни покажа дека сепак снегот не не заборавил, и потсети на нејзината убавина, односно на она што нашиот народ знаел да каже “Без снег, зима не бидува“. И точно така белата покривка која ја покри нашава населба, уште од утринските часови предизвика радост кај најмалите, а кај возрасните тоа допрва ќе го видиме.
И додека ја пишуваме оваа наша информации, снегот малку по малку ја зголемува дебелината на својата покривка, а нас ни преостанува совесно, со чистење на истиот од пред сопствените домови, да допринесеме во бегово расчистување и овозможи нормално движење на луѓето, се разбира ова нека биде повик и до Месната Самоуправа, да не излезе дека зимата ги изненадила, а серазбира и Општинските органи кои се надлежни за одржување на локалниот пат.
А, во продолжени Ви представуваме неколку фотографии од зимско-снежниот и прв снег на нашава населба.










