Рускиот владика Евтикије изјави дека нема да гласа за Владимир Путин на претседателските избори во март, бидејќи, како што рекол, не сака да гласа за темнината.
Рускиот весник “Новаја газета” денеска потврди дека за првпат висок член на православното свештенство изразил противење на Путин.
Овој Сибирски владика својата одлука ја објасни, посочувајќи на изјавата на Путин дека комунистите ја имитирале христијанската традиција за чување на моштите на светителите така што го балсамирале телото на основачот на Советскиот Сојуз Владимир Ленин и ставиле во гроб на Црвениот плоштад.
Извор:cdm










