Повеќе од 200 лица се уапсени, а десетици се повредени во судирите на демонстрантите во Тунис со сили за безбедност, објави АФП. Со денови во ова земја траа демонстрации затади тешката економска ситуација и владините мерки за штедење.
Граѓаните се огорчени од зголемувањето на даноците и високите цени во земја која се сметаше за најстабилна арапска држава по бранот на “Арапската пролет” во 2011 година. Сепак, властите тврдат дека станува збор за насилство, а министерот за внатрешни работи соопшти рече дека 49 полицајци се повредени.
Владата ја распореди полицијата и армијата на улиците во неколку градови во текот на ноќта, со намера да ги стави демонстрациите под контрола. Претставник на еврејската заедница изјавил дека во текот на ноќта биле фрлени молотови коктели на две еврејски училишта, но дека нема материјална штета.
Извор:(Vijesti/ ФЕНА)










