Продолжува драмата со араканските муслимани кои со месеци својот спас се обидуваат да го пронајдат во соседен Бангладеш пишува Агенцијата Анадолу (АА).
  ар2
Иако бројот на оние кои секојдневно преминуваат од Аракан во Бангладеш е мал, сѐ уште има голем број на жени и деца кои поминуваат низ многу тешки услови за да стигнат до територија каде што нема да бидат изложени на насилство и напади.
Повеќе од 620.000 аракански муслимани пребегнале од Мјанмар во соседниот Бангладеш од 25-ти август до денес. Во првите денови, Аракан остави илјадници луѓе секој ден. Овие денови забележано е намалување на бројот на бегалците од Мјанмар. Секојдневното спас во Бангладеш наоѓаат десетици муслимани од Аракан. Најчесто, тие се жени и деца. Според нивните сведоштва, мажите биле уапсени и притворени од армијата на Мјанмар.
Новинари на Анадолија Агенцијата се движеле со  Араканските мусалимани по преминување на границата со Бангладеш. Во група од 30 луѓе, сите биле жени и деца, освен еден стар човек. По долго патување низ планините и реката, тие дојдоа до првата населба. Безнадежно седеа на сонце. Покрај себе немаа храна ниту вода. Тие не знаат каде да одат или што да прават. Ги чекаа војниците на Бангладеш. Кажано им било дека ќе бидат испратени во еден од бегалските кампови.
Меѓу нив е и 40-годишната Несари кој во прегратките држела штотуку родено бебе. Таа е родена на “патот кон спасот”.
“Откако војниците ни ја запалија куќата, решивме, како и останатите, да одиме во Бангладеш. Во текот на патувањето паднавме во заседа и војниците го одведоа мојот сопруг. Не знам дали е жив. Јас го продолжив патот со нашите три деца. Пешачиме веќе 20 дена. Четвртото дете го родив во шума. Децата се гладни и жедни“, раскажала Несари.
Во групата, исто така, се наоѓале и три сестри со деца. Хасина е една од нив. Војниците на Мјанмар убиле две нејзини деца.
“Тие го одведоа мојот сопруг. Не знам каде е сега, дали е жив или мртов”, рече таа. Ниту нејзината сестра Сенвара не ја знае судбината на нејзиниот сопруг.
“Ни го запалија нашиот дом, на сопругот му пукаа во нозете. Војниците ми го убија и братот. На пат тргнав со сестрите. Војниците ни зедоа сё, нашето село е далеку од Бангладеш. Пешачиме речиси еден месец. Преку денот тргнуваме низ шума, а вечерта ја поминувавме одмарајќи се “ раскажала Сенвара.
Араканските муслимани Рохинџии со години се најзагрозено етничко малцинство во светот и се соочуваат со нов бран на насилство во регионот Мјанмар во Аракан од 25-ти август до денес.
Под изговор за борбата против милитантни групи, армијата на Мјанмар уништила најмалку 300 муслимански села, од кои најмалку 620.000 селани биле принудени да избегаат во соседен Бангладеш.
Извор:(Vijesti/AA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here