Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Суринам како прва посета на ниво на министер за надворешни работи од Турција на оваа земја одржа заедничка -прес-конференција со својот суринамски колега Јлдиз Полак-Беигле со кого претходно остварија и директна средба лице в лице и се водеа разговори помеѓу делегациите на двете земји.
Во оваа пригода Чавушоглу истакна дека на маргините на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк во САД ќе одржат троен состанок со своите руски и ирански колега по прашањето со Сирија.
Правејќи проценка во врска со постигнатиот компромис во Сочи за зачувување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, Мевлут Чавушоглу потсети дека во рамките на овој договор се зацртани границите на демилитаризираната зона.
Чавушоглу напомена дека прашањето на утврдување на деталите и границите на овој договор се оставени за технички разговори и рече: „Од средата досега во Анкара се водат овие технички разговори и по денешните состаноци постигнавме компромис. Она што треба да се направи отсега е да бидат фрлени другите чекори во склопот на овој меморандум за разбирање и повторно да се воспостави прекинот на огнот и да се фокусира на политичко решение. По ова прашање во Њујорк ќе оствариме троен состанок со Лавров (рускиот министер за надворешни работи) и Зариф (иранскиот министер за надворешни работи).“
Нагласувајќи дека по прашањето на формирање на Уставниот комитет и политичкото решение постои потреба од сечија поддршка, а не само од три земји, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу подвлече дека додека од една страна се води борба против секој вид тероризам од друга страна треба да се водат заеднички напори за постигнување траен мир и политичко решение во Сирија.










