Во 1948 година, создаден е Израел. Палестинците се протерани. Се после тоа на Блискиот Исток, на овој или на оној начин, се поврзува со овој настан.
Во 1964 година, се создава Палестинската ослободителна организација (ПЛО) ја создаваат палестински бегалци со единствена цел: вооружено ослободување на Палестина. Борбата против Израел често се претвора во терористички напади врз израелски државјани.
Во 1991 година – на Мадридската конференција, ПЛО го прифаќа постоењето на Израел, како и резолуциите на ОН 242 и 338 и притоа се откажува од “насилството и тероризмот”. За возврат Израел го призна ПЛО како официјален претставник на палестинскиот народ.
Сепак, 1991 година сигурно не е година на завршување на клучниот конфликт на Блискиот Исток, а сегашната ситуација покажува колку сè уште е активна.
Во 2017 година – шефот на либанската армија ја става армијата на највисоко ниво на подготвеност и им кажува на војниците дека мора да бидат подготвени да се соочат со “израелскиот непријател” на јужната граница.
Тука сме и можноста за нова војна меѓу Израел и Либан нагло порасна во последниве денови.
За да ги разбереме тековните настани, ќе се вратиме повторно наназад. По создавањето на Израел и прогонот на Палестинците многу палестински бегалци пребегнаа во соседните земји, Јордан и Либан. Оттаму, палестинскиот ПЛО, предводен од Јасер Арафат од 1967 година до смртта на 2004 година,  регрутирал борци.
 
Јасер Арафат во главниот град на Јордан во 1969 година.
Главно упориште им бил Јордан, но јорданските власти со време станаа многу нервозни во врска со тоа, а по информациите дека ПЛО се подготвува за пуч, ги  исфрлаат од земјата (“Црниот септември 1970”). ПЛО, по конфликтот со јорданската армија ( помош им пружила сириската армија, ама биле поразени), и се преминуваат од Јордан во Либан.
Либан, во раните 1970-ти, изгледаше вака – население  околу 2,3 милиони. Покрај брегот мнозинско живеат муслиманите сунити и христијани, на југот на земјата живеат муслиманите шиити, и во планините етничката група Друзи (и нешто помалку христијани).
Земјата е повеќерелигиска, ама кој го води главниот збор? Маронитските христијани. Никакво чудо имајќи во вид дека Либан од 1920 до 1943 година беше под француска колонијална власт. Парламентот постои, но сето тоа е средено на начин да оди на раката христијаните.
Тоа функционирало без релативно големи проблеми до доаѓањето на палестинските бегалци, особено со доаѓањето на ПЛО. Имено, демографијата на Либан се променила значително. Конфликтот меѓу христијаните и муслиманите беше на хоризонтот, не само поради фактот што муслиманите се сё повеќе, додека христијаните сакаат да се држат на власт, туку и заради тоа што Студената војнавеќе во полна сила.
ПЛО борци во јужниот дел на Либан
Либанските христијани се ориентирани прозападно, а муслиманите стануваат се повеќе просоветски ориентирани, без разлика дали се работи за левичари или пан-арапски националисти.
 
Бејрут 1975
Во 1975 започнува крвавата либанска граѓанска војна и ќе трае сё до 1990 година. Војната ќе однесе околу 120.000 животи, а околу еден милион луѓе ќе побегнат од земјата.
Борците на една од либанските организации во граѓанска војна: ПСП (прогресивна социјалистичка партија)
Да се влегува во деталите кој точно со кого и против кого војувал во овој период ќе биде многу сложено. Доволно е да се каже дека во либанската граѓанска војна, како и денес во војната во Сирија, биле вмешани бројни регионални и светски сили.
 
Бејрут 1978 година.
Војната завршува во 1990 година, а следната година либанскиот парламент прогласува општа амнестија за сите како би се можело да продолжи со нормално живеење. Се формира единствена либанска војска без секташки предзнак, и сите милитантни групи се распуштаат, освен една – Хезболах.
Бејрут во 80-те години
Сепак да се ​​вратиме на граѓанската војна во Либанон, заради тоа што препуштивме нешто важно. Значи, во Либан војуваат христијани и муслимани, а потоа и разни фракции меѓу себе, но конфликтите интензивно се вклучени од ПЛО. Кој е среќен од ваквата состојба ? Израел, се разбира. После големите победи против арапските вооружени сили, палестинската ПЛО им остана еден од најголемиот предизвик,  кој Израел сакаше да го елиминира по секоја цена.
Со оваа цел (ама секако не само со таа цел) Израел изврши инвазија на воено зафатениот Либан во 1978 година. Тие успеале да го отфрлат ПЛО надвор од своите граници, но ПЛО сè уште и понатаму бил активен. Затоа, во 1982 година, Израел започна со друга инвазија во Либан и повторно го отфрла ПЛО. До 1985 година, израелската армија се повлекува од Либан, но не сосема, ја задржаа контролата на 12-километарската тампон-зона.
Израелската армија на аеродромот во Бејрут во 1982 година.
Се разбира,  зборуваме за јужниот дел на Либан, дом на либанските шиити. Токму оваа израелска инвазија, со помош на Иран, доведе до создавање на Хезболах во 1985 година. Значи, со инвазијата на Либан, Израел си го создаде својот најголем непријател, единствениот со кој сеуште има проблеми и од кого во исто време се плаши.
Иако Хезболах од почетокот се доведува во врска со повеќе терористички, па и самоубиствени напади, организацијата признава само неколку од нив.
Либанската војна заврши, но Хезболах продолжи со нападите врз израелската окупаторска војска до 1990-тите. Од ноќта во ноќ израелските трупи станувале цел на напади на Хезболах на бродвитиот јужен Либан, за конечно да се повлечат во 2000 година.
 
Израелската окупациона зона на југот на Либан (обележана со црвена боја) ќе стане “проколнета” за Израел – тука Хезболах постојано ги напаѓа дури 15 години, и на крајот израелската армија се повлекува во 2000 година.
Оваа војна, која траеше 15 години, од 1985 до 2000 година, ниту денес нема никакви имиња или споменици, ниту еден израелски војник досега не добил ниту еден медал за учество. Но, војната не само што била, туку нејзиниот звук се слуша и денес.
Хезболах успеа да го исцрпи Израел до таа мера така да морале да се повлечат од јужниот дел на Либан. Се надевале дека тоа ќе биде крајот на конфликтот, но тоа не се случило. Хезболах продолжи да ја напаѓа израелската граница, барајќи ослободување на либански затвореници од израелските затвори. Тактиката што ја избрале била фаќање на израелски војници кои би се користела за размена. Тоа им успеало во 2004 година кога Израел се согласи на размена, меѓутоа во 2006 година, Израел на заробување на своите војници реагирал поинаку – покренувајќи ја војната против Либан.
 
Припадници  на Хезболах
Војната траела околу еден месец – од 12 јули до 14 август 2006 година. Сё започнало во утринските часови на 12 јули, кога Хезболах истрелал неколку проектили на израелските погранични градови, а потоа извршиле напад врз израелската патрола во оклопни возила – и убиле тројца израелски војници и заробиле двајца.
На територијата на Либан пристигнала група на израелски командоси израелски  со мисија да ги ослободат заробените војници, но тие не успеале – Хезболах ги детектирал и елиминирал. Изгледа дека ова било премногу за Израел и тие се одлучуваат на огромна операција.
Огромен израелски воздушен напад врз Бејрут во 2006 година
Тоа во стварност беше масовна операција – Израел, фрустриран од две децениските спорадични судири со Хезболах, удри силно врз Либан:
покренаа воздушни напади низ целата земја, поморска и воздушна блокада и копнена инвазија на јужен Либан. На либанската страна беа убиени повеќе од 1.000 луѓе, дури еден милион беа раселени, а нанесена е голема штета на инфраструктурата на Либан. На израелската страна, 165 луѓе беа убиени, раселени за околу 500.000 лица.
 
Илјадници згради беа уништени во жестокиот напад на Израел врз Либан во 2006 година, како и речиси сите мостови во земјата.
И покрај тоа што Израел тргнал силовито, герилци на Хезболах им пружиле многу силен отпор и речиси станало јасно дека израелската армија не можеше да се справи со нив. Целта на Хезболах била да му нанесе што е можно најголема загуба на израелската војска, знаејќи дека тоа ќе биде психолошки фактор бидејќи Израел дефинитивно не сакал да се согласи со долгорочна војна во која постојано ги губи војниците.
Израелското бомбардирање на Бејрут 2006
Токму затоа оваа војна траеше само еден месец кога буквално беше “прекината” од страна на Советот за безбедност на ОН кој ја усвои резолуцијата за крајот на конфликтот што беше прифатено од страна на израелските и либанските власти. Мировната мисија на ОН (УНИФИЛ) пристигна во јужниот дел на Либан, а резолуцијата, исто така, повика на разоружување на Хезболах и израелско заминување од Либан.
 
Израелската војска го напушта јужниот дел на Либан по еден месец од војната во летото 2006 година.
Силите на УНИФИЛ се уште се наоѓаат на југ од Либан, Хезболах не се разоружал, а Израел речиси секој ден со воени авиони го прелетува либанскиот воздушен простор.
 
Меѓутоа, тој Хезболах, кој успеа да ја протера израелската армија од Либан во 2006 година, веќе не е Хезболах – денес тоа е организација која претрпе неколкугодишна сериозна војна во Сирија и се појави како победник. Малку е да се каже дека Израел се плаши од овој зајакнат Хезболах, Израел е во паника.
Борците на Хезболах наскоро ќе се вратат од Сирија со големо воено искуство, а тоа кај Израел предизвикува поприлична паника и чувство дека “нешто мора да направат“. 
Имени како што посочивме на почетокот на текстот. Конфликтот започна во средината на минатиот век како израелско-арапски конфликт, ама од нивната инвазија врз Либан тоа е, иако припадниците на Хезболах во голема мера се Арапи, има уште еден конфликт, израелско-иранскиот конфликт.
Израел успеа да ги победи арапските земји и дури да ги потчини на своите интереси, што е огромен успех. Меѓутоа,“штафетата“ на борбата против Израел после тоа ја презеде Иран, нешто на што ниту малку не се надевал во 70-те кога Иран беше американски сојузник, меѓутоа сё се смени после Исламската револуција во Иран во 1979 година.
Припадници на Хезболах замавнуваат со ирански знамиња
 
И сега сме тука – војната во Сирија завршува, борците на Хезболах имаат многу повеќе искуство, а Иран рута сё до израелската граница. Тел Авив итекако е во  паника и ќе ги ангажира сите свои сојузници да ја сопрат оваа закана а нов важен сојузник најдоа во Саудиска Арабија и новиот американски претседател Доналд Трамп. Дали тоа ќе биде доволно? Дали ќе нападнат силно и одеднаш? Наскоро? Многу е можно. Израел се плаши од крајот на војната во Сирија, особено откако војната завршува со победата на про-иранските сили, што им е  најголем кошмар.
Но, за оваа ситуација, Израел повторно сам е виновен. Хезболах буквално тие го создадоа напаѓајќи го Либан за време на Граѓанската војна, а Асадовата Сирија пред војната во 2011 година нужно не им претставуваше закана и тие повторно ја поддржаа оваа ужасна војна во која беа директно инволвирани во многуте воздушни напади. Хезболах пак се сеќава на секој од овие напади, и го чекаат денот на одмазда, Израел тоа го знае тоа, па заради тоа и се плашат.
За Израел, Иран е смртоносен непријател и тоа нема да се промени. Она за што израелски десничарски власти сега размислуваат е како, кога и каде да се нападне. Би било подобро наместо тоа да се размислува за што поскорешно помирување со Палестинците, но после повеќедецениските преговори станува очигледно дека тие немаат намера да ја прекинат окупацијата на палестинските територии (Западниот брег) а сѐ додека е така овој конфликтот ќе трае.
Извор:Advance

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here