Обоените револуција е име кое се користи за опишување на револуционерните движења кои се појавија во многу земји во светот на крајот на 20 и почетокот на 21 век. Обоените револуции избувнаа во земјите од поранешниот Советски Сојуз, на Балканот, на Блискиот Исток, а во последно време и на други места. Три медиумски најекспонирани револуции секако се Розевата во Грузија во 2003 година, Портокаловата во Украина во 2004 година и Тулипанската во Киргистан во 2005 година. Некои набљудувачи настаните ги нарекле револуционерен бран чии почетоци може да се проследат од 1986 година и Филипинската жолта револуција.
Светот се повеќе и повеќе се менува како и средствата за политичка борба. Преземањето на власта преку воени пат заменето е со посуптилниот начин на обоената револуција – под маската на демократизација, во стварност се спроведува смена во несоодветната власт или iti coup d’etat. Најчесто и надворешните сили (без исклучок, Западните) спонзорираат, планираат, организираат и спроведуваат “револуции”. Улогата на надворешните сили е од клучно значење. Всушност, станува збор за револуции само по име. Тоа е модерна форма на војна, честопати во меѓународниот конфликт, иако правната професија како таква сè уште не го познава.
Сменување на режими веќе со децении важна карактеристика е на американската надворешна политика почнувајќи од соборувањето на сириската влада во 1949 година. Од тогаш се проценува дека ЦИА соборила или се обидела да собори повеќе од 50 влади, иако признала само 7 случаи. Обоени револуции составен дел се на американската политика за промена на режим. Покрај ЦИА, вклучени се и Стејт департментот и невладините организации.
Во текот на изминатите неколку години цела низ на држави со стабилни политички системи доживеа обоени револуции, некаде успеа, а во некои места не успеа: Египет, Тунис, Сирија, Либија, Русија, Кина, Иран, Венецуела. Сценаријата за промена на режимот во сите овие земји покажуваат впечатливи сличности. Се повторуваат истите облици, што не може да биде случајно. Египет и Украина се многу различни, но револуциите во Египет во 2010 година и Еуромајданската револуција 2014 се толку слични што дури и револуционерното однесување било исто: умерени исламисти во Египет и во Украина радикални националисти.
Дури и западните медиуми денес нагласуваат дека обоените револуции (кои се опишани како технологии за извоз на демократија преку граѓанска непослушност) станаа толку софистицирани што нивните методи се претворија во насоки за смена на политичките режими. Првично, обоената револуција била дефинирана и претставена како ненасилно уривање на влада, вклучувајќи и промена на политичкиот режим. Со текот на времето, дефиницијата стана поширока: речиси сите пучеви започнаа мирни протести и демонстрации, но само еден од пет-те поминал без жртви.
Вистинската дефиниција на обоените револуции би била дека тие се технологии за создавање државни удари и остварување на контрола на политичката ситуација во земјата и надвор, под услови да се подтикне политичка нестабилност, со притискање на владата преку политичка уцена со користење на младите протестички движења како средство. Целта на секоја обоена револуција е coup d’etat iliti , освојување и одржување на власта преку сила. И покрај големата разноликост меѓу земјите во кои избувнуваат револуции (геополитички, социјални, економски и др.), сите тие спаѓаат во истата шема која го вклучува моделот на организирање на протестното движење, трансформирање на движењето во политичка група и користење на новоформираната народна маса против постојната влада како средство за политичка уцена .
Како пример обоените револуции не претставуваат мека сила, тврди американскиот научник Џозеф Нај. Кога би било така, тоа би значело дека обоените револуции биле прогресивен чекор напред во борбата против авторитарните режими. Но, тие не се ништо помалку опасни од локалните граѓански војни. Тј. тие често се предизвикувачи за војни како, на пример, на Блискиот Исток. Обоени револуции се инструменти за уништување на демократските владеења во транзиција. Во револуциите, владата е цел а политичка промена мета. Би било фер да се каже дека Американците не само што создале политички модел за извоз туку и специјални средства за распаѓање на демократските системи доколку тоа е потребно. Токму тие се средства на обоените револуции.
За да бидат револуциите успешни, мора да се создадат потребните услови. Првиот и основен услов е политичката нестабилност во земјата која е пропратена со криза на актуелната влада. Ако политичката ситуација е стабилна, мора да се создаде дестабилизација на вештачки начин. Карактеристичните својства на револуциите се: политичка уцена и движење на незадоволната младина.
Постојат две сосема спротивни објаснувања зошто се појавуваат револуциите. Според првото, станува збор за спонтан бунт што произлегува од општествените конфликти на разни групи кои водат кон протести и бунтови. Како причини се именуваат, недемократските, сиромашните, верските и етничките разлики. Всушност, во сите земји постојат разлики меѓу социјалните групи, но тие не се причина за самата револуција, туку овие разлики само го забрзуваат и го олеснуваат процесот на обоена револуција. На пример. Либија беше земја со многу бенефиции за својот народ, во Египет постоеја субвенции за леб кои го спречуваа гладот, животниот стандар во Тунис (најдемнократската од сите авторитарни африкански земји) беше блиску до јужна Франција и поголем од јужна Италија, вистинската причина за почетокот на востанието во Сирија беше одлуката на Асада да го забрза процесот на либерални реформи. Значи, ова е доказ дека теоријата на спонтаност не држи вода.
Со други зборови, револуциите се изрежирани и детално планирани. Истите својства и сценарија се повторуваат во земји кои немаат речиси ништо заедничко. Иако обоените може да се потсетат на вистински револуции, тие не се. Секоја сличност е случајна. Вистинските револуции се спонтани и доаѓаат во одреден момент во историскиот развој, додека обоените револуции се изрежирани и внимателно планирани. Изрежираното сценарио на обоените револуции се базира на Англосаксонската филозофија на демократизација дизајнирани за извезување на демократија и демократски институции низ целиот свет. Секаде каде избувнуваат, треба да се бараат траги на западниот менталитет. Сè се одвива според истиот модел. Движењето на младите секогаш е присутно, револуционерните лидери се секогаш исти, а на револуциите и недостасува содржина на револуционерната идеологија. Станува збор за тоа да народот одеднаш се буни против “злите диктатори” а освен општите повици за демократија, сето друго е неисправно или непостои. Ова покажува дека Американците и другите странци кои стојат зад револуциите не го знаат добриот менталитетот и психологијата на локалното население.
Според американскиот експерт за ненасилна борба и своевиден татко на современи револуции, Geneu Sharpu, обоените револуции се водат од принципот дека структурите на моќ (власта) се потпираат на нивните субјекти (народот), односно, послушноста на луѓето им овозможува на владетелите да владеат. Според Шарп, класичните обоени револуции се состојат од три фази. Првата фаза вклучува создавање на “подземно” движење на ќелии кои заедно формираат мрежа на незадоволни лица (маси) од владеењето на владеачкиот режим. Членовите биваат врбувани со големи слогани и повици за акција. Мрежата, најчесто младите луѓе, незадоволни, одеднаш ја менуваат анонимноста на улиците на големите градови како одговор на одреден сигнал. Протестите сакаат да се претстават како нешто спонтано, а сепак сето тоа претходно е подготвено. Најчесто протестите избувнуваат заодради некој повод како што се нерегуларностите на изборите (Србија 2000, Грузија 2003, Украина 2004, Русија 2012), самозапалување на продавачот во Тунис во 2010 година или украинското одложување на примената на Договорот за пристапување во ЕУ 2013 година. Членовите на подземните ќелии стануваат иницијатори на бунтот . Следуваат протести, митинзи, марширања, поставување на огради. Луѓето сфаќаат дека владата е нелегитимна и формира анти-владино движење кое станува движечка сила зад идната револуционерна смена на режимот. Се разбира, иницијаторите на демонстрациите прават се однапред смислено и организираат мнозинството кое навистина верува во прокламираните идеали. Политичката толпа е создадена и протестите траат со денови во главните плоштади ширум зафатените градови.
Во втората фаза, целта е да се дискредитираат одбрамбените, безбедносните, органите на редот и законот преку штрајкови, граѓанска непослушност, бунтови и саботажи. Демонстрантите ги окупираат градските плоштади и улици кои не сакаат да ги напуштат додека не се исполнат нивните барања. Демонстрантите организираат логистичка мрежа. Во името на масите, демонстрантите му даваат ултиматум на владата и се закануваат масовни бунтови ако не одговорат на нивните барања. Власта има два избора: да возврати со сила или да гиприфати барања.
Третата и последна фаза која го подразбира “ненасилното” соборување на власта, а всушност станува збор за отворени напади на органите на власта и окупацијата на државните објекти, институции и други елементи на власта. Своевиден цивилен напад врз “организмот” на постојниот политички поредок. Ако власта удри со сила врз демонстрантите ќе биде обвинета за злочин и убивање на мирни демонстранти, додека пак доколку се согласи со отстапките, таа ќе биде брзо зафатена бидејќи демонстрантите нема да се согласат со компромис.
Настаните во Египет и Украина, во кои беа симнати од власт Хосни Мубарак и Виктор Јанукович, се неверојатно слични, што не е случајност, туку доказ дека тие се одвивале според истиот модел. Еднаков беше карактерот на превирањата кои се претворија во масовни протести, добро организираните демонстранти беа поддржани од паравоени групи исламисти и националисти, со опколување на владините институции и заземање на клучните инфраструктурни точки, големата медиумска војна, идеолошкиот радикален екстремизам, одличната опрема на бунтовниците со воена опрема. Во двата случаи, “побунетиот народ” се соочуваше со слаби, неодлучни и корумпирани власти кои се двоумеа да преземат решителна акција, т.е. употреби сила против вооружените демонстранти. И Мубарак и Јанукович му веруваа на Западот дека ќе ги спаси, ама токму истиот тој Запад стоеше зад целата приказна.
И кога успеале, револуциите, ретко донесувале напредок, слобода и демократија. Толку фаллените обоени револуции како Розевата во Грузија, Портокаловата во Украина и Тулипанската во Киргистан не ја подобрија демократијата и состојбата на слободата и човековите права. Се наметнува прашањето зошто прпаднале револуциите и зошто не ја постигнале својата цел? Мошне едноставно, владеењето на правото никогаш не оживее. Премногу често, владите што дојдоа на власт преку обоени револуции се однесуваат полошо и со малку почит кон демократските стандарди како своите недемократски претходници. На пример. во Грузија, новата власт била многу лоша во заштитата на правата на сопственост, Украина неизбежно ја зафати атмосферата на одмазда, а во Киргистан новата власт се однесувала како феуд. Иако новите власти ветувале и заколнувале дека ќе се посветат на демократијата и владеењето на правото, сите “заболувања” и недостатоците на претходните режими повторно се повторувале. Поддржувачите, т.е. народот кој на крајот им дозволи на револуциите да успеат, ја направи клучната грешка што револуциите ги свати како врв на демократијата и падна во самозадоволство, наместо да бара изградба на цврсти институции. Но, би било подобро доколку народот веднаш на почетокот одбиеше да учествуваат во таквите револуции.
Вистинската цел на обоените револуции е промена на владите кои се во лоши односи со САД и / или другите западни сили. Откако ќе се спроведе револуцијата, новите власти ќе бидат пријателски расположени кон САД и би сакале да потпишат се што треба да се стават под заштита на САД. Ова значи дека Американците ќе добијат пристап до нафта, гас и други природни ресурси и стратешки простори. Тогаш сите приказни за демократијата и човековите права ќе бидат мртви. Никој не ја споменува ситуацијата со човековите права во Либија, Грузија, Украина, Египет денес. Станува збор за модерна окупација и агресивна политика која наместо тенкови, бомбардери и топови сите се справуваат со обоени револуции. Странските амбасади, тајните служби и невладините организации ја извршуваат својата работа со помош на домашни демонстранти. Тоа е многу поскапо решение од вистинска војна што е забранета од конвенциите на Обединетите нации. На пример. Еуромајданска револуција во Украина 2013-14. чини 5 милијарди долари, што е многу поевтино од каква било американска инвазија. Тоа е современ тип на агресија што меѓународното право сè уште не ја знае. Таму каде што народот сфати за што станува збор како што е Русија 2012, Иран 2009 и Кина 1989/2014. револуциите не поминаа, а на Блискиот Исток, за жал, обоената револуција се претвори во обоени војни кои не застануваат.
Извор:Advance









