Либанскиот премиер Саад Харири поднесе оставка после шокантното тврдење дека неговиот живот е загрозен. После тоа, судејќи според сё пребегна во Саудиска Арабија, за подоцна како што тврдат други извори заминал за Обединетите Арапски Емирати. Во исто време, се појавија и информации дека бил уапсен во Саудиска Арабија, меѓутоа таквите информации веднаш беа отфрлени. Сепак, факт е дека на Харири всушност никој повеќе не видел после драматичниот говор што го дал во текот на викендот.
Неговото ненадејно заминување може да има големи последици за Либан и поширокиот регион кој веќе неколку години танцува на работ од нешто што се нарекува “општа војна”. Нема потреба да се истакнува каква би била оваа општа војна – нешто во што активно би се вклучиле оние земји кои всушност о ова време војуваат, ама нешто пасивно, преку посредници.
Дали Саудиска Арабија во таа смисла е во војна? Се разбира – тие одиграа огромна улога во дестабилизирањето на Сирија со помош на екстремистите. Дали Турција е во таа војна? Се разбира – таа дури е и “конкретно” во тоа бидејќи што турските војници влегуваат во Сириската северозападна провинција Идлиб како истата веќе да е анектирана. Катар е во војна? Исто како Саудиска Арабија. Израел? Можеби дури и најдиректно – нивните воени извори пред неколку дена рекоа дека израелските воздушни сили во изминатите неколку години извеле руди повеќе од 100 удари на просторот во Сирија.
Јемен е во војна. Саудиска Арабија под новиот принц, кој изгледавладее со земјата, го обвинува Иран за “директна воена агресија”. Ирак и Сирија се воено разурнати земји и големи борби продолжуваат да се водат на тие делови.
Американската ЦИА, очигледно, оперира по должина и попреку Јордан спроведувајќи подготовки и обуки за напад врз Сирија преку посредници.
Со други зборови, “општата војна” на Блискиот Исток веќе започна, а она што сега може да се случи е нејзината дополнителна ескалација.
Не може да се очекува војната во Заливот, освен ако новиот саудиски престолонаследник навистина ја има амбицијата да го нападне Иран, меѓутоа, исто така, и тој знае дека тоа би можело да биде погубно за неговото кралство кое што излегува на крај и со шиитските бунтовници Хутии во соседен и сиромашен Јемен.
Војната со Иран сигурно не е “шлаг”, ама таа епизода оставена е за крај. Пред пожарот да се прошири и на уште неколку подрачја, по можност области со иранско влијание, а кога зборуваме за иранското влијание, невозможно е да се заобиколи Либан.
Либан е релативно мала земја со не толку мали проблеми. Покрај тоа, Либан е земја која секогаш има причина да се плаши за својата а за некој поголем суверенитет не може ниту да сонува заради фактот дека преку неговиот грб доминираат најголемите сили, регионални и светски. Запад има значително влијание и интерес во Либан. Сирија итекако. Израел му се заканува со нова војна. Но, на крајот, она што создава најголема тензија е сигурно иранско влијание, кое е огромно.
Моќниот либански Хезболах не ја крие својата врска со Иран, и се одека е така ќе биде мета на Израел, кој панично се плаши од иранското влијание. Зошто? Се разбира, Израел има многу искуство во војувањето – после нивното формирање(Израел) мораа да се борат против целиот арапски свет и тие победија. И не само што воено победија, туку и дипломатските земји кои некогаш претставуваа егзистенцијална закана за Израел, земји како Египет, Јордан и Саудиска Арабија, сега се потајни дипломатски сојузници на Израел, и дека меѓу народот нема анимозитет спрема Израел, туку тие билатералните односи би биле значително видливи.
Значи, Израел- биле неговите критичари или симпатизери, сите ќе се сложат дека ги оствари своите цели. Меѓутоа , по победата, војната и мирот, над арапскиот свет, единствената конкретна закана им останува Иран, или барем тие мислат така. Во суштината, на причината не треба посебно да се влегува доволно е уште еднаш да се потсетиме дека израелско-палестинскиот конфликт, се додека не биде решен на сосема задоволителен начин за двете страни, ќе создава тензии низ Блискиот Исток, а тука е и прашањето нанрелигијата и светите места итд.
Се разбира, Израел не е само одбрамбена држава. Израел итекако поседува напаѓачки амбиции, а во тоа се уверија жителите на Либан. Израел е, исто така, наклонет и експанзивен, имајќи предвид дека тие никогаш не го вратија окупираниот дел од Голанската висоравнина назад на Сирија (ниту планираат). Внатрешната експанзија во вид на изградба на илегални населби на просторот на Западниот брег не треба ниту да се споменува. Нема сомневање дека тоа е и една од причините, заради кои на Израел толку му смета Иран.
Но, Иран е географски далеку. Либан сепак е близу, тоа значи дека Хезболах, и сё додека Хезболах е близу до Израел тоа ќе значи дека и Иран е близу. Не би било тешко да се замисли нов израелски напад врз јужниот дел на Либан, со цел задавање на конечен удар на Хезболах. Имено, сега тие чувствуваат дека Хезболах е ослабен од војната во Сирија – што е сигурно точно (но од друга страна тие сега се повеќе увежбани од кога и да било).
Да се вратиме на актуелностите. Оставката на про-саудискиот премиер Харири, син на познатиот покоен премиер Рафик Харири, му дава можност на Израел да ја искористи моменталната криза која во Либан веднаш започна (а Саад Харири се потруди таа и да се случи, обвинувајќи ги за своето бегство Иран и Хезболах).
Тогаш како мисли Израел да ја искористи ситуацијата? На начин, дека во овој момент и во ова ја гледаат можноста за нешто што сонуваат веќе долго време – можност да создадат израелско-арапски сојуз во случај на воена конфронтација.
Звучи невозможно? Тоа не е невозможно. Исламските сунитски радикали од Сирија веќе завршија во израелските болници откако беа повредени во опсадата со сириската армија. Израел тоа дури и не го криеше – премиерот Нетанјаху доаѓал во болницата во посета на “борците за слобода”.
Израел сака секташтво во исламскиот свет за да ги искористи за свои интереси. Нивната голема цел е да се создаде алијанса, барем и привремено, со радикалниот сегмент на сунитите, со што заеднички би тргнале во војна против шиитското (читај:иранско) влијание. Дали ќе ги најдат сојузниците? Итекако, дури и на почетокот на војната во Сирија, некои екстремисти повикаа на “израелска помош”.
Израел е моќна воена сила, да го имате на своја страна во борбата против иранското влијание, ќе биде голема помош за тие сили. Речиси седум годишната крвава војна во Сирија ни покажаа против кого сунитските радикали сакаат да се борат – против Израел или против Асад? Сè стана многу очигледно.
Реториката на Харири на Израел му дојде “како нешто нарачано”, во својот говор пред да замине од земјата, велејќи: “Ова му го велам на Иран и нивните сојузници,изгубивте, вашите обиди да се мешате во внатрешните прашања на арапскиот свет не успеаја”.
Најголемиот дел од Арапите се муслимани. Се настојува да се створи впечаток дека Иран тука нема што да бара и дека Иран се меша во целиот арапски свет – дека Иран е најголемиот непријател.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна го изјави ова: “Кога Израелците и Арапите се согласуваат за Иран, светот би требало да слуша”.
Тој, исто така, изјавил дека Иран “сака Сирија да ја претвори во следен Либан”. Што сакал со тоа да каже? Тој сакал да каже дека Иран, по победата во Сирија, ќе инсталира неко нов Хезболах, како и во Либан. Дали е во право? Можеби и е. Сепак, ова е сценарио што Израел нема да го дозволи, и во тој процес ќе активира сё на што досега работеле во годините, целиот свој дипломатски потенцијал, почнувајќи од Вашингтон до Ријад.
Либан е во криза веќе подолго време, а ова ненадејно заминување на Харири би можело директно да го фрли во хаос, а потоа следува израелскиот план. Така, општата војна на Блискиот Исток, која во една рака, како што рековме, веќе и трае, одеднаш би можела нагло да стане она што сите ние би ја нарекле општа војна, а точката на оваа опасна трансформација би можела токму да биде Либан.
Извор:Advance









