Минатиот месец пишувавме за загрижувачката состојба во Мијанмар и ставот на централната власт спрема националните и верски малцинства. Сега се гледа дека таа загриженост и тоа како е втемелена , откако ОН ги обвини безбедносните сили на Мијанмар за сериозни кршења на човековите права во ова Индокинеска земја, вклучувајчи ги колективните силувања, варварските претепувања и убивање на деца. Меѓународната заедница издаде соопштение после разговорите со преку двесте припадници на народот Рохинџи кои пребегнале од Мијанмар во Бангладеш. Во соседен Бангладеш сега живеат околу 65 илјади припадници на Рохинџи муслимани кои од почетокот на насилствата во минатиот месец се наоѓаат под тешка репресија на безбедносните сили. Бројот на загинатите би можел да биде далеку поголем, односно неколку илјадници.
На 9-ти ноември минатата година војската на Мијанмар ја започна т.н противтерористичка операција во западната покраина Ракхине која се наоша на границата со Бангладеш. Операцијата е покрената после смртоносниот напад на безбедносните сили за кои се верува дека го направиле припадници на народот Рохинџи, така да според некои можеби претставува и режирана ситуација како повод за прогон на овој народ, или пак доколку во стварност припадниците на ова малцинство го направиле тој напад, укажува дека навистина се наоѓале под тешки услови па морале да превземат што со што ќе го свртат вниманието на светската јавност, особено исламските земји. Рохинџи муслиманите представуваат малцинство кое брои околу 1,1 милион жители во мнозинскиот будистички Мијанмар. Речиси сите живеат во покраината Ракхине, меѓутоа им е одземено правото на државјанство и живеат во апартхејдски услови, немаат слобода на движење ниту право на основни облици на здравствена грижа и образување. На новинарите и хуманитарните работници забранет им е влезот во провинцијата, каде се одвиваат најголемите злосторства. Со точност не може да се пптврди што навистина се случува, меѓутоа бројката и тврдењата на бегалците во пограничниот округ на Бангладеш познат како Кок`с Базар зборуваат страотни настани.
Портпаролот на мијанмарската влада потврдило дека потпретседателот на државата Мјинт Схе, поранешен генерал, покренал истражувачки тим кој ќе ги провери изјавите за злосторствата во операциите. На чело на државата е добитничката на Нобелова награда за мир Аунг Сан Су Кји, која не реагирала на обвинувањата со ништо друго освен со чисто негирање на било какви вести. Заради тоа во светот Су Кји соочена е со силни критики.
Од Малезија испратен е брод со помош кој впловил во главниот град Јангон. Таму од бродот е истоварено 500 тони храна и медицинска опрема, додека остатокот од 2200 тони опрема испратено е за Бангладеш. Група на демонстранти во пристаништетот на Јангон протестирале против ова хуманитарна мерка. Тие сметаат дека Рохинџиите представуваат илегални мигранти од Бангладеш, иако нивната историја во Мијанмар не може да се одрекува. Малезија е изразит критичар на власта во Мијанмар и воопшто за кризата во покраината Ракхине. Не упатија само Малежаните критики, туку и папата Фрањо кој потврдил дека се направени грозно злосторства само заради тоа што Рохинџиите се муслимани.
Меѓутоа,многу аналитичари зачудени се како таква една `мирољубивљ` религија како што е будизмот може да направи такви злосторства, а кои ги подржуваат самите будистички свештеници.
Во Мијанмар се практикува Теревада будизмот ( т.н школа на стари свештеници), гранка од будизмот која во својата срж го чува Палискиот кањон, единствено сочуван будистички канон напишан на класичен индиски јазико познат како “пали“. Тој представува свет јазик и заеднички јазик на сите теравада будисти. Ова гранка на будизмот многу е конзервативна во својата доктрина и свештеничката дициплина, а се развила на Шри Ланка, за денес да постане главен облик на будистичкото учење и верување во Камбоџа, Лаос,Мијанмар и Тајланд. Во Мијанмар 89% од населението се теревада будисти, и се смета за најрелигиска будистичка земја по прашањето на бројот на свештеници во населението и трошењето на религиски активности.
Свештениците (сангха) многу се почитувани и влијателни во општеството. Отприлика во Мијанмар дејствуваат околу 500 илјади свештенци и 75 илјди свештенички. Од нив 88% му припаѓаат на редот на Тиудхамма Никаја, а 7% свештеници на ортодоксните Швегјин Никаја.
Будизмот значително допринесол за развојот на политиката на МИјанмар. Во стварност, почетоците на национализмот во Мијанмар е во Здружувањето на младите будисти кое започнало да се шири по целата земја на почетокот на 20.век. Будистичките свештеници заедно со студентите започнале маршови-протести за незвисност и подоцна за демократија а нивни најголеми представници биле У Оттама и У Сеинда во провинцијата Ракхине, а особено У Висара кој починал заради штрај со глад во затвор, а денес една од главните улици на Јангон го носи негвото име. Откако е добиена независност цивилните власти започнале со давање на големи парични средства за заштита на будистичкото учење и храмовите, а политичките партии и парламентарните застапници често пати изгласувале закони со вдахнат будузам. Особено за тоа е заслужен У Ну, првиот премиер на Мијанмар (тогашна Бурма), кој будизмот го поставил како државна религија, и со тоа ги маргинизирал сите други малцински верски групи. Будистичките свештеници подоцна станале главна опозициска групација прева воената хунта. Пагода Шведагон било важното место за средби на Аунг Сана и неговата ќерка Су Кји.Во септмеври 2007 година будистите покренаа масовни протести против воената хунта, позната како Револуција на шафраните. Илјадници припадници на воените и полициски сили се најдоа на улиците Јангон во обид да ја контролираат состојбата, притоа приведиле илјадници свештеници. Заради тоа веднаш беа покренати и масовни протести во кои дојде до жестоки судири на владата од една страна, свештениците, цивилите и демонстрантите од друга страна, со илјадници ранети и стотици мртви. Светот тешко го осуди дејствувањето на владата и веднаш и` наметна економски санкции.Меѓутоа постои и темна страна на будизмот. Ова религија воопшто се смета за религиска традиција најмалку поврзана со насислтвото, меѓутоа во минатото можат јасно да се разоткријат насилните дела на будистите. Будистичкото учење зборува дека насилството е облик на саморанување. Отфрлањето на насилството во општеството будизмот го толкува како предуслов за духовен напредок на членовите на друштвото, бидејќи насилството донесува болка која меѓусебе ја нделат поединците. Во будизмот нагласокот не е толку на самиот чин на убивање туку во намерата која го замрачува умот. Во будистичката доктрина навистина има малку докази за нетолеранција, оправдување на насилства или концепт на оправдани војни, што будистичката доктрина логички не ја поврзува со насислството и нетолеранцијта.Меѓутоа, Мијанмар стана центар на насилниот будизам. Веќе во триесетите години на дваесетиот век будистичките свештеници ги напаѓале Европјаните во Јангонг, а воената хунта ја промовирала визијата на мијанмарскиот будистички национализам како култура и политичка идеологија во која ги легитимизирала своите права и довела до религиски синкретизам помеѓу будизмот и тоталитарната идеологија. Конзервативните и радикални националистички свештеници од тогаш па се до ден денес истакувани се по својата агресивност. Во 1992 година се формирала дури и Демократската будистичка војска Карена која ја предводел будистичкиот свештеник У Тузана, а во последните години будистичките свештеници го правеле она што можело да се нарече терористички акт, поврзан со Движењето 969. Нивното насилство досегнало врв на почетокот на летото 2012 година кога беа убиени повеќе од 200 особи.
Движењето 969 ( трите бројки представуваат доблест на Будата, будистичката пракса и будистичката заедница) денес е најжестоко и најагресивно будистичко движење на светот. Него го водат свештеници, меѓу нив и најпознатиот Ашин Вирату ( познат и како бурмански бин Ладен), и се занимаваат исклучиво со стопирање на ширењето на исламот во Мијанмар. Движењето успеало да го задржи против исламскиот став и исламофобијата, иако самите членови одбиваат дека се против муслиманите, односно дека се заштита на етничките будистички Ракхини, кои се тероризирани од страна на ’Бенгалците’. Вирату го оправдува насислтвото сметајќи дека Рохинџиите се обидуваат да создадат исламска држава во Ракхине, и повика на бојкот на муслиманските продавници, бидејќи со тоа се додава пари за создавање на таква држава.
Движењето има и своја езотерна страна. Наводно во раните дваесете години вработен во министерството за верски работи У Кјав пронашол закана и во нумерологијата. Муслиманскиот збор (фраза) : Bismillahi-rrahmani-rrahim, ’Во името на Господ, Милостив, Сомилосен’ го носи бројот 786, што представува космолошка спротивност на бројот 969. Па од тука сите компании кои ги водат муслиманите мора да го искажат бројот 786. Таквите идеји наишле на големи обвинувања од страна на другите будистички учители како што се Далај Лама, Бикху Боди, Тиќ Нхат Нанх и Шодо Харада кои ги повикаа мијанмарските будисти да се присетат на главните будистички начела. Далај Лама во неколку наврати изјавил дека Буда секогаш ги учел на опростување, толеранција, сомилост. Властите на Мијанмар во 1982 година на Рохинџиите им го одзеле државјанството и сега се нарекуваат ’странци во земјата’ или ’Бенгалци’, а тој став воедно помогна во другите ксенофобични политики, како што е признавањето на државјанството на некои други етнички малцинства,особено кон Кинезите.
Радикалното Движење 969 исто така предложи и закон со кој се збранува венчавање на будистички двојки со небудисти без исклучително дозволување на локалните службеници. Според тоа, лидерите на ова движење тврдат, се потикнува мирот помеѓу различните вери и заштитуваат будистичките жени од преминување во ислам кога ќе се венча со муслман. Сепак Владата ги одбила овие законски иницијативи на Движењето 969 и забранила создавање на формални организации втемелени на нивните начела, иако ја подржуваат заштитата на будистичката вера од перцепцијата на исламската ’закана’.
Сам Вирату уапсен е и затворен во 2003 година, заради потикнување на омраза и верски судири, и во 2010 година пуштен од затвор. Владата и локалните власти ја имаат пак главната улога во насилното преместување на повеќе од 125 илјади Рохинџии муслимани и останатите муслимани во земјата. И додека идеалите на будистичките канонски текстови полни се со мир и пацифизам, будизмот сега во мијанмарскиот облик представува главна препрека на движење на земјата спрема демократијата, а Су Кји со своето молчење станува еднаква на некогашната воена хунта, молчејќи и подржувајќи ги злосторствата кои се вршат врз недолжните муслиманиски малцинства..
Извор(и): www.ohchr.org | www.reuters.com | time.com | www.reuters.com | www.nytimes.com | Pranke, Patrick A (2013), Myanmar, Encyclopedia of Buddhism, Macmillan Reference USA | www.nibbana.com | philtar.ucsm.ac.uk | www.blc-burma.org | irrawaddy.org | www.hrw.org | www.bps.lk | www.theatlantic.com | www.reuters.com | abcnews.go.com | world.time.com | www.bbc.com | www.vice.com advance.hr