Односот помеѓу Запад и Русија е на многу ниско ниво, ако не и на најниско ниво од времето на Студената војна – до таа мера така да актуелните тензии често се нарекуваат како Студена војна 2.0. Меѓутоа дали Русија и Запад се осудени на конфронтација или ова е само една преодна состојба после која ќе дојде до “ренесанса“ во односите?
Во стварност, гледајќи наназад 25 години, до таа ренесанса би требало и да дојде – условите беа поставени, СССР се урна и изгледало дека нова Русија ќе биде сојузник и партнер. Во стварност тоа би бил (речиси) кај на историјата, меѓутоа се случи нешто сосема друго.
Имено, наместо Русија многу внимателно и многу деликатно да се воведе во нов економски систем кој очигледно после распаѓањето на СССР триумфирал, одлуката е донесена со Русија да се постапува на еден сосема друг поинакон начин – односно да се изложи на т.н економска “шок терапија“.
Што представува “шок терапија“ во економска смисла? Станува збор за нагла транзиција од стар модел кон капиталистички слободенпаза, често и неолиберален модел. Во шок терапијата доаѓа до нагло, целосно укинување на контролата над цените и валутата. Во исто време се повлекуваат државните подтици, се покренува инстантна либерализација на целата земја и тргнува со голема, по можност максимална приватизација на сё што досега вило во рацете на јавноста.
Многумина ќе кажат дека во стварност станува збор за грабеж со енормни пропорции каде сё што е државно, односно работничко, завршува во рацете на капиталистичката класа. Се разбира поборниците на шок терапијата сметаат дека тие во транзицијата се нужни и дека тоа ќе и` овозможи на државата што побргу да се префрли на нов систем и покрене своја економија складно новите закони-правила. Самиот термин го сковал економистот Милтон Фридман, меѓутоа “шок терапијата“ представува само дел од оширока идеја на либерализација на економијата.
Последните неколку десетлетија процесот на либерализација на економијата изгледа апсолутно несопирлив така да истиот продира и во оние земји кои најсилно му се спротивставуваат.
Прв пат кога економската шок терапија била п0рименета било во 1975 година во Чиле кога на власт по пат на воен удар дошол диктаторот Аугусто Пиноче.
Десет години подоцна, 1985 година, шок терапијата е применета и во Боливија од страна на министерот з планирање, Санчез де Лозада ( подоцна претседател во два мандати), и тоа успешно- имено, со шок терапијата успеал да сопре огромна хиперннфлација која пораснала на 25,000%, и истата ја пресекол на еднознаменкаста бројка.
Понатаму, после распаѓањето на Источниот блок, шок терапиите економски се покажале како релативно позитивни како случајот со Чешка и Полска. Тогаш што се случи со Русија? Резултатите не само што не беа позитивни, тие бе катастрофални по Русија , за нејзината економија, за нејзиниот народ, за нејзината иднина, ама и за плановите кои ги наведовме на почетокот на текстот.
Заклучок? Шок тераоијата во некои случаеви може да биде учинковита, а во други катастрофални. Зошто? Сега кога имаме неколку сё поочигледни примери можеме комотно да заклучиме дека како еден, ама многу бидетн фактор, е оној поврзан со реализаторите.
Доколку земјата е организирана, ако постојат внатрешни сили кои ќе внимаваат на тоа да овој процес биде економски, а не општ грабеж, шок терапијата може да даде позитивни резултати. Русија после распаѓањето на СССР очигледно не била таква земја – власта ја презеде Борис Јелцин, а луѓето околу него не биле загрижени премногу за транзицијата на Рузија, тие едноставно се грижеле само за сопственото богатење до максимум.
Корупцијата е клуч – земјата во која постои опасност од голема корупција никогаш не би смеела да помислува на шок терапија и масовна приватизација бидејќи тој процес ќе ја фрли на колена низ отуѓувањето на имотот од страна на криминалците.
Шок терапијата во Русија, која немала подготвени ниту институции ниту потребни закони, создала хаос и брз пат до дното за многумина, а пат кон врвот за олигархијата која ја зела земјата и меѓусебно растргале нејзиното богатство. Капиталот започнал масовно да се вади надвор од земјата што дополнително ја влошила ситуацијата.
Во компарација, Кина постапила многу попаметно. Се разбира, ни таа не можела да побегне од економската либерализација која е пресилна за сите таканаречени комунистички поредоци прд крајот на 20.век, меѓутоа Кина се одлучила за многу постепена транзиција што и на крај ја пасило од тешките години низ кои рускиот народ поминувал во 90-те.
После 90-те на власт доаѓа Владимир Путин и од тогаш тој сеуште е на власт. Имајќи ги во предвид 90-те, никого не би требало да зачудува ниту појавата на Путин ниту неговата популарност низ сите овие години. Секако, според која логика Путин би можел да ја елиминира сета руска олигарсија? Никаква – Путин ја исфилтрирал олигархијата, одстранил дел, и задржал дел, ама и го вратил функционирањето на државата.
Имајќи го во вид тоа дека Русите него го гледаат како симбол на (враќање) на стабилноста, тешко е дека ќе му дадат шанса на некој друг. Траумата од 90-те е преголема, ама ниту Путин не може да владее вечно. Што се однесува до Западот сё повеќе е очигледно дека Путин им е трн во окото бидејќи ги закочил процесите кои биле на сила во 90-те со што ја сопрел експлоатацијата на Русија.
Имено, она што е многу важно да се напомене е тоа дека Западот не му нанесол толку штета на Русија колку што во 90-те им нанесле тогашните олигарси. Меѓутоа Западот немал ништо против тоа заради фактот дека знаеле дека тие ќе влезат како следни на опустошената територија и експлоатираат Русија и нејзините ресурси уште долга низа на години.
Во Русија предвиденото сценарио не се случило благодарение на Путин и заради тоа тој е голем трн во окото на Западните сили. На поразената земја после секоја војна секогаш се опустошувало, па истото се посакувало да се направи и со поранешен СССР, со тоа што Русија секако била најголема награда. Фактот дека Путин сето тоа го спречил го прави “ незгоден“ во очите на Западните интереси.
Меѓутоа, сеуште не е доцна, доколку Путин си замине од власта (исчезне) сеуште се стигнува до Русија да се направи она што се планирало, меѓутоа потребно е побрзо да се дејствува пред “ Земјата на Путин“ да стане таква со или без Путин.Со други зборови, Кога Русија ќе стане земја чиј правец повеќе нема да зависи од самиот претседател и неговиот предстој на власт.
Тоа воедно е и една од причините зошто кампањата против Русија е толку интензивна. Секако оние кои покасно се вклучуваат во овие дебати ќе констатираат дека потезите на Западот се оправдани бидејќи Русија извршила анексија на Крим, меѓутоа оние кои малку подолго ја следат ова ситуација знаат дека антагонизмот се надвивнувал со години претходно, додека сеуште не се споменувале Украина, Сирија… Антагонизмот се надвивнал оној ден, брзо како што е и брзата шок терапија, кога станало јасно дека Путин ќе игра по свое.
Шок терапијата денес секако е зад Русија, ама прашање е колку таа во стварност се опоравила од последиците. Иронично, ама фактот дека Путин е популарен би можело да значи дека Русија сеуште се опоравува бидејќи народот има тенденција да избира што полиберални политичари, кога како колективна свет почувствува дека тој политичар би можел уште повеќе да го оплоди нивниот добар животен стандард. Кога пак ќе се почувствуваат во страв, глсот оди ка “силните, ама и чесни“ лидери. Тоа е случај со Русија, а по новото и со САД.
Траумата од шок терапијата се чувствува долго, а рускиот народ од таа перспектива на Путин го доживуваат како некој психијатар кој одлично ја извршува својата работа и пополека им го враќа мирот и надежта.
Сепак, доколку на прво место му се интересите на Русија, како што сака да тврди, тогаш би требало да се направи квалитетна замена што е можно побргу бидејќи Русија со губитокот на Путин, за кого и за сите нас вреди правилото “мементно мори“ би можело повторно да се најде во опасни години на хаос.










