(Фото) ООУ “Гоце Делчев“- Подгорци: Одбележан 21-ви март “Денот на Пролетта“

0
272

По повод 21-ви март “Денот на Еколошката акција на младите во Македонија и доаѓањето на пролетта, во ООУ “Гоце Делчев“ – Подгорци согласно годишната програма за работа на училиштето, Еко одборот и наставниците, координирани од училишниот педагог  организираа низа на активности со учениците за одбележување на убавите поводи.

Со најмалите ученици предводени од нивните одделенски раководители беше изведена прошетка во природа со оглед на нивната возраст да ги набљудуваат првите весници на пролетта, дренот, дренот, кокичето, жуборот на поточињата, како и песната на птиците под мотото “ Пролетта пристигна – природата се буди “.

Учениците од 4-то и 5-то одделение се потрудија да го разубават училишниот двор, холот и училниците со засадување на украсни растенија и сакциски цвеќа, како и со изработка на пролетни декорации.

Под мотото: “Рециклираме, се забавуваме“ беа организирани еко работилници во кои ученици од 5-то и 9-то оддление изработија изработки од материјал кој може да се рециклира (пластика, стакло,хартија, ЦД дискови и др..). Изрботените предмети беа изложени во училишниот хол, а целта на ваквата активност е да се подигне еколошката свест, за можноста од селекција и рециклирање на отпаден материјал и воедно намалат количините на отпад.

Како крајна активност по повод одбележувањето на овој ден, се организираше и меѓуодделенски турнир во мал фудбал, што причинува особена радост и задоволство кај младите љубители на овој спорт.

Она по што овогодинешното одбележување на овој ден се разликува од минатогодишните, е тоа што овој пат имаме нова измена во концептот на одбележувањето, односно како што веќе и претходно напоменавме, тоа е активноста која се однесуваше од делот на собирање,складирање и рециклирање на отпадниот материјал, што особено предизвика внимание кај сите учесници во ова активност – ни изјави педагогот на ова училиште Весна Чаторошкоска.

Нашата годишна план програма секогаш ја исполнуваме со активности преку кои се обидуваме да додјеме и допринесеме во развојот на образованието (едукацијата, свеста и др..) на нашите ученици, и таа изобилува со разлчиност и со ваквиот концепт-содржина веќе како и што сами знаете успеваме како и секогаш, без разлика за каков празник или било одбележување станува збор.

Како и секогаш, така и овој пат, би сакала да им се заблагодарам на сите наставници од ова училиште за нивната активност и организација која заедно сво своите ученици допринесоа во реализацијата на ова активност, која веќе станува и дел од нашата годишна план програма.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here