Дубаи не би бил Дубаи, доколку секојдневно нё изненади сео некаков нов проект, рекорд или било какво друго изненадување кое подоцна прераснува во атракција и не случајни го става во еден од најпознатите атрактивни градови во светот.
Овој пат Ви ја претставуваме атракцијата на Дубаи, подтикната од Пингвините на Дубаи кои се сметени и ужуваат во ски центарот на овој емират, каде истите стануваат омилени животинчиња од страна на сите посетители, особено оние најмладите.
Колку за информација, пингвините во Дубаи донесени се во 2012 година и од тогаш тие покрај зимските активности во ски центарот на Дубаи, тие представуваат прв чекор на посетата на секој турист или жител на Емиратите кој ќе се одлучу да ја посети ова туристичка атракција.
Она што е најинтересно е и тоа, што покрај вработените кои се грижат за нивното дресирање, вработен е и персонал кој е задолжен за одгледувања на младенчињата од пингвините кои се раѓаа тука, а за кои постојат соодветни апарати и простории.
Колку за кратка информација, Ски Центарот во Дубаи претставува вистинска атракција за сите возрасти. Иако температурите во Mall of Emirates, се високи, сепак тие во Ski Dubai изнесуваат -4.
Тука можете да изнајмите скијачка опрема, користет жичара, вистинска патека за скијање, санкање за најмладите, место за правење на снешко и други атракции кои најмладите заборааваат дека се во земја каде што зимата речиси ја нема како годишно време.
Се разбира, постојат и соодветни простории каде што можете нешто да каснете или пак напиете нешто топло, додека се одмарате, или пак додека вашите деца уживаат во зимската глетка на Дубаи.
А, ние почитувани Ви го претставуавме видеото како дел од атракцијата Дубаи Ски Центар пингвините и дел од фотографиите на овој прекрасно атрактивен центар за кој нешто повеќе ќе пишуваме во следна пригода, се разбира и објавиме нешто повеќе фотографии.
Уживајте!









