Дипломатските односи помеѓу Турција и Иран имаат важни последици за Блискиот Исток. Двете неарапски муслимански земји имаа значајна улога во регионот каде доминираат Арапи. Со векови Анкара и Техеран имале различни гледишта на поголем број прашања, а двете земји се гледаат како регионални предводници. И додека постојат многу препреки за соработка помеѓу двете земји, тие истовремено се поврзани една со друга. Со оглед на тоа што Турција е членка на НАТО, постои тенденција на посматрање на Иран од страна на тврдокорното западно гледиште, кое на Иран го смета за ирационален актер, идеолошка држава која спроведува политики без оглед на равнотежата на цената и корист.
Ништо не е понеточно од тој поглед. Токму односот на Иран спрема Турција покажува дека надворешната политика на Техеран во целост е рационална, и дека се развива на стратешка, а не идеолошка основа. Иако Исламската Република нуди идеолошки причини на своите надворешнополитички чекори, самата иранска дипломатија е стратешка. Тоа особено се гледа во односот спрема Турција во време на сириската граѓанска војна, каде интересите се различни, ама сепак Иран и Турција не развиле ривалски однос како што Иран го има со Саудиска Арабија.Набрзо после Исламската револуција 1979 година, филозофските разлики помеѓу Иран и Турција станале предмет на расправа. Нагласувањето на лаичноста во Турција значело дека Анкара сакала да се одметне од новата иранска држава, посебно откако Имамо Хомеини изјави дека турскиот модел на секуларност непријателски е настројан спрема исламот. Меѓутоа, стратешки Иранците се плашеле дека Анкара сега уште посилно ќе го промовира турскиот “национализам“ меѓу иранаските соседи, а осбено меѓу Иранските Азери. Впрочем, Иран, на Турција гледал како на сојузник на САД и Израел, кои станаа главни противници на Техеран.Меѓутоа, во 90-те Турција се откажа од милитантниот секуларизам кој го обележа кемалистичкиот период. Прво со премиерот Неџметин Ербакан и неговото владеење 1996 и 1997, а потоа со доаѓањето на Реџеп Таип Ердоган и Партијата на правдата и развојот, религијата ја зголеми својата улога во општеството. Сигурносните предизвици во Ирак после американската инвазија дополнително ги приближи Иран И турција. Покрај тоа се разви и прашањето за Курдите. И Анкара и Техеран имаат интереси во во сопирањето на формирање на независен Курдистан со тежиште во Ирак. Тепкотиите околу сепаратистичките намери на кудрската популација стана мост на соработка помеѓу двете држави. Сепак, во самиот ирачки Курдистан двете земји подпираат две спротивни фракции. Од 90-те Иран силно силно ја подржуваше Татковинската унија на Курдистан, која е поврзана со семејството Залабани, додека Турција била склона кон Курдската демократска партија, поврзана со владејачкото семејство Бразани, посебно заради тоа што Масуд Барзани создаде соработка со Турците против Курдската работничка партија. Така Турците имаат исклучителна соработка со автономната влада во Ербил, додека Иранците се влијателни меѓу Курдите во Багдад.
Уште за времето на претседателот Ахмади Неџат односите на Турција и Иран достигнаа нови нивоа. Посетата на Ахмадинеџад на Турција во фебруар 2008 година претставувала прва посета на ирански претседател на некоја земја членка на НАТО, уште од Исламската револуција. Ердоган тогаш на Ахмадинеџад го нарече свој драг брат, на што иранскиот претседател возвратил за време на кризата помеѓу Турција и Израел заради нападот на флотилата Мави Мармара која пловеше во хуманитарна помош за појасот Газа. Тој акт за многумина представуваше преломна точка во која Турција решила својата иднина да ја бара во панисламизмот, а не во односите спрема Западот. Истовремено со затоплувањето на односите со Иран, Турција ги прекина односите со Израел. После претседателските избори во Иран 2009 година Турција не се приклучи на мнозинското западни земји кои веднаш ги отфрлија изборните резулатати во корист на Махмуд Ахмадинеџат. Наместо тоа, Ердоган и турскиот претседател Абдулах Ѓул веднаш по прогласувањето на резултатите испратија честитки. За возврат, Иранците биле подготвени да ги подобрат сите односи со Турција, итро избегнувајќи го турското членство во НАТО во официјалните разговори.
Поеденакво Анкара не можела ништо да добие од санкциите против Иран, а значајное да се утврди дека турската трговија со Иран постепено растела без оглед на санкциите. Од тука и турското гледиште околу иранската нуклеарна програма и преговори било поврзано со што побрзото симнување на санкциите како би продолжила успешната трговска соработка. Тоа прашање посебно за Анкара е важно гледано од меѓусебната политичка соработка и регионално лидерство. Крај на санкциите воедно е една и од надворешно политичките цели на АКП, со што би се искористила турската дипломатска тежина како би Анкара станала тег на диполоматската вага во создавање на нов регионален поредок. Од тука Турција уште во 2010 година покренала иницијатии со кои од мртва точка би се тргнало прашањето на иранската нуклеарна програма. Турција и Бразил биле земјите кои понудиле посредување на Иран со меѓународната заедница, двете со значаен економски интерес во Иран.Арапската пролет отвори простор за уште поголемо регионално влијание, а двете земји веднаш одлучија да ја искористат таа можност, Турци на почетокот сакала да го искористи својот општествен капитал и сојуз со Западот поставувајќи се себе си во средиштетот на промени на Блискиот исток. Иран во тој процес бил значително конзервативен и опрезен, како заради кревкоста на власта во Дамаск, така и заради влијанието на Саудиска Арабија, Израел и САД. Сепак, арапските востаници го имале истиот назив во погледот на растот на растот на Исламското политичко движење односно Исламското будење.Развојот на Муслиманското братство во Египет го постави прашањето за ширењето на регионалното значење на исламот, при што Египет требало да биде пример за другите арапски земји. Меѓутоа тој пример-модел за излегување од воениот авторитаризам, кој обележа многу арапски земји, имал две различни алтернативи во Турција и Иран. За Турците, локалните традиции можат да се поврзат со универзалинуте вредности на демократијата и човековите прева, исто како и со стопанството, и тој модел се нуди како најдобар за муслиманските нации. Турците арапската пролет ја сватија како можност за извоз на свој модел во блискоисточните земји. На самиот почеток тивкото “востание“ на турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу дало одговор во кој рекол дека Блискиот исток се наоѓа меѓу колонијализмот и Студената војна, кои ги прекинале природните врски помеѓу племињата и заедниците. Тогаш турскиот шеф на дипломатија повикал на создавање на природен тек на историјата во кој Турција би била регионален лидер.
Иран, од друга страна, ја представи својата револуција и Исламската република како инспирација за Исламско будење, во кое се толкувале востанија како желба на муслиманските народи за уривање на западните марионетски владу, како што тоа Иран го направил со шахо Пахлави во 1979 година. Меѓутоа ниту една земја не сакала да се вплетка во востанија и револуции, меѓутоа за Иран успехот на исламските движења бил од од голема важност. Турција имала добри односи со мнозинство на блискоисточни земји, меѓутоа и таа е критикувана заради силната подршка на Муслиманското братство во Египет.Сепак, самото Муслиманско братсво ја критикувало на Анкара заради тоа што на сила сакала да го неметне турскиот модел како политички правец на идната египетска влада. Така Турција и Иран одговорија на настаните со понуда на сосема поинакви модели на управување, што особено посебно се одрази на прашањето за Сирија.Иран востанието(бунтот) во Сирија го отфрли како заговор на западот за уривање на главната одбрана против Израел. Иран во тоа Саудиска Арабија и Турција ги гледа како сојузници на САД за промена на власта во Дамаск. Со оглед на тоа што Анкара дала неколки пати до знаење дека целта е да се симне Башар ал-Асад од власт, тука на испит (тест) дојде и односот на Турција и Иран. Заедно со тоа е и проблемот на турското членство во НАТО сојузот. Иран во најмала рака бил разочаран кога Анкара во 2010 година ја известила јавноста дека во својата земја ќе го прифати против ракетниот штит на НАТО што и официјално била причина за обрана и директна закана за иранската безбедност.Дел од штитот проработел во 2012, меѓутоа своја цела операбилност же има во 2022, доколку воопшто. Паралелно со прашањето за тој штит дојде и до бунт (граѓанска војна) во Сирија, каде Иран нема толку витални интереси колку што има стратешко-идеолошки.Имено, семејството Асад едно е од најголемите и најдолготраен сојузник на Иран. Во текот на осумгодишната Иранско-ирачката војна, Хафез ал-Асад со цела душа го подржувал Техеран, единствен во арапскиот свет. Нивниот однос преживеал многу катастрофи, а воедно се создала и стратешка врска на Иран, Сирија и либански Хезболах. Турција порано никогаш не била против Сирија или Асад, бидејќи Дамаск водел силна секуларна политика во верската и деноминациската многу хетегорогена држава. Бунтот против Асад во Анкара е протолкувано како продолжување Арапската пролет и уште една можност на Анкара да ја потврди својата лидерска позиција во арапскиот свет. Тука дошло до силно раздвојување-расцеп на турско – иранските односи, кој подоцна дојде до ниво на идентитетски спор околу Сирија. Во тој спор двете земји се повикаа на старото ривалство на Османлиското и Сафавидското царство. Така меѓусебните обвинувања биле втемелени на неосоамнизмот и неосафавизмот.
Концептот на неооспамнизмот во иранскиот политички дискурс преку ноќ станал политички коректен како што постепено се влошувала ситуацијата во Сирија. Иран започна да го обвинува на Ердоган за вовлекување на целиот регион во неоосманизам, нарекувајќи го султан и наследник на Гадафи. Постојат две идеи кои можат да ја опишат позадината на неоосманизмот. Од една страна постои уверување дека станува збор за западно давање на слобода на турските политичари за влијаење во регионот, кое во целост би го ослабело Блискиот исток. Од друга страна, станува збор за нова исламска политика која се натпреварува со онаа Иранската и онаа Саудиската. Претседателот Хасан Рохани во својата надворешно политички поглед сепак воведил такт и стратешко промислување, и тргнал во поправање на односите со соседните земји во она што многумина го нарекуваат ’ шармантна офанзива’.Таа офанзива според Турција за малку застанала после неспретниот дипломатски јаз.
Имено, советникот на иранскиот претседател за прашања со малцинствана Али Ѓунеши во март 2015 изјавил дека соседните држави како Ирак и Авганистан имаа посебни односи со Иран бидејќи биле дел од иранското царство. Ѓунеши се надоврзал и на тоа дека границите во регионот се вештачки бидејќи иранското културно влијание чувствува далеку од нејзините граници, и дека секој кој живее на иранското плато ќе ја има подршката и одбраната од опасноста на исламскиот фанатизам, текфиризам, атеизам, неоосманска доминација,вехабиска доминација, западна и ционистичка доминација. Така Ѓунеши турската надворешна политика ја споредил со ционизмот и вехабизмот и дополнително ја зајакна напнатоста во односите на Иран и Турција. Заради тој чин Ѓунеши дошол пред посебен суд за клер и обвинет е за загрозување на националната безбедност, и пуштен е со гаранција. Неговиот говор во Иран се доживеал како предизвик на официјалниот став на единството на исламскиот уммет
Дополнителен предизвик на овие односи е Јемен. Турција јавно ја поддржа саудиската позиција спрема Јемен, земја која е од мал интерес за Турција. Ердоган на Ријад му вети логистичка потпора и обвини Иран за обид за доминирање во регионот, и тоа дека Иран се бори против ИСИЛ како би ја презел целата контрола над територијата. Иранскиот министер за надворешни равоти Мохамед Џавад Зариф, на таквите тврдења одговорил со дипломатски речник, велејќи дека Иран ги цени односите со Турција,ама и тоа дека таквите коментари можат да ја запалат напнатоста во регионот. Давајќи своја изјава-видување пред официјалната посета на Иран, многу политичари во Иран особено парламентот барале да се спречи неговото доаѓање во Иран. Сепак Ердоган дошол во многу мирна посета, при што најмногу се зборувало за трговските односи на двата големи соседи.
Обидот за воен удар го смени тој однос, како да се очекувало да се случи нешто толку големо што би му помогнало на Иран и Турција во повторно зближување. Како се истакнува пријателот во невоља, така и Зариф два пати ја посетил Турција после обидот за пуч, се сретнал со својот турски колега Мевлут Чавушоглу, а со Ердоган учествувал дури и на заедничка џума намаз. Тоа помогнало да продолжат билатералните односи, па во една пригода Зариф пристигнал и на ненајавена средба во Анкара на неколку часови после негово враќање од Њујорк, каде улествувал на состанок на ОН. Секако геополитиката во регинот ги принудува Турција и Иран на најдобри меѓусебни односи. Двата лидери на (Иран и Турција) дека можат да бидат најдоверливи пријатели во регионот. Впрочем, претходната стратегија на Анкара, особено спрема Сирија, не донесе значаен успех. Во последната посета Зарив и Чавушоглу дале изјави дека двете земји ќе соработуваат во завршувањето на судирите во Сирија.
Тоа е официјална верзија на приказната, ама малку се знае за договорите во сенка. Интересно е да се истакне и тоа дека саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Наџаф ја посетил Турција веднаш после заминувањето на Зариф . Изгледа дека високите саудиски функционери го следат движењето на иранските дипломати и потоа договараат блиц-дипломатски посети како би се информирале и спречиле успехот на иранската дипломатија. Откако Зариф ја избршил својата африканска турнеја, саудискиот шеф на диломатија Адел ал-Џубејр веднаш тргнал по неговите стапки. Во прашањето на Турција, тоа би можело да заврши со создавање на три зони на влијаење – Техеран,Анкара и Ријад.