
Од почетокот на судирите во Сирија 2011 година овој конфликт преполн е со “Рубикони“, линии на дополнителни и зголемени ексалации, а еден од нив се случи утринава. Според последните информации, турските тенкови ја преминаат границата со сирија и ситуацијата сега дополнително се закомплицира, а војната потенцијално уште повеќе се распламтува.
Ова е комплексна ескалација бидејќи во судир го вклучува и меѓусебниот судир помеѓу Турција и САД. Турција влегува во Сирија, со војска и лојалните припадници на Слободната Сириска војска (која се бори против злосторствата на режимот на Асад), како би ги сопрела курдските сили, а САД од друга страна пак ги координира истите курдски сили.
Ова во стварност е настан кој постојано “висел во воздух“ веќе неколку години. Се знаеше дека Турција сака со војска да влезе во Сирија во оној момент кога ќе предвидат дека дошло време за влегување. Интересно, до сега на некој начин – барем како што се стекнува доим, беа предосмислувани и стопирани од страна на нивниот НАТО сојузник, САД.
Џарабулус на картата:

Фото: Влегување на Слободната Сириска војска преку Турција во Сирија



Имено, кога и да Турските власти зајакнале намерата околу потенцијалното влегување во Сирија, од американска страна и одредени НАТО сојузници не било запалено зелено светло. Па дури и кога Анкара би започнала да испраќа пораки дека тоа ќе ја загрози стѕратешката алијанса со Вашингтон, од САД останувале цврсто на ставор дека Турција не може со своја војска да влезе во Сирија.
Згора на тоа, во еден момент американскиот потпретседател Џо Бајден (кој пристигна токму денес во Турција) дури и сигерирал дека Турција и нејзините регионални сојузниципретставуваат главен проблем бидејќи овозможуваат ширење на ИСИЛ. Се разбира, за кратко Бајден веднаш ја повлече изјавата тврдејќи дека не мислел токму така, ама сеедно, ставот на Вашингтон, можеби на еден неконвенционален начин, сепак претставен му е на јавноста.
Од почетокот на веков САД покажа дека им одговара воениот интервенционизам на поширокото подрачје на Блискиот исток. Тој “модел“, ако може така да се нарече, стана некој вид на идеолошки и економски надворешнополитички начин на оперирање на САД. Меѓутоа, можеби токму заради тоа, на САД ниту по што не му одговара кога други се занимаваат со тоа, па дури и кога станува збор за нејзини сојузници.
Колку за пример во случајот со Јемен, Саудиска Арабија едно време бараше американска подршка за воен упад во Јемен, а кога стана јасно дека нема да ја добие тргна сама во Јемен. Се разбира, која сега војната започна да се проширува од правецот на север на Јемен, САД даде “подршка“ на својот сојузник, ама сеедно никако не им било драго да Саудиска Арабија сама да тргне во авантура, без нивно “дозволување“ ( сега, изгледа САД на Ријад го остава на цедило па дури и ги повлекува и своите советници од целата операција)
Меѓутоа, САД со Саудиската Арабија има опортунистички однос засниван исклучиво на штура геополитика и премолчени идеолошки контрадикции, додека односот на САД и Турција претставува нешто друго. Како прво во Турција за повеќето нејзини жители има демократија, секако според некои од надвор со голема тенденција на исламизација, ама сепак демократијата постои и народот се бори за неа. што го покажа во текот на обидот за државен удар.
Како второ Турција е членка на НАТО сојузот и (сеуште е ) кандидатка за влез во Европската унија.
Што во стварност значи тоа? Тоа значи дека комуникацискиот расколи на ова линија имаат далеку поголеми последици отколку примерот на манифестацијата на непослушност на една Саудиска Арабија или Јордан или Израел. Како втора по големина војска на НАТО сојузот Турција која реши самата да превзема ваква активност сериозно започна да ги тресе темелите на самата воена алијанса.
Посматрајќи ја надворешнополитичката реторика, америка бриљира особено на едно подрачје – кога треба лошата ситуација по нив да се прикаже не толку лоша, можеби дури и позитивна. САД на таквата тактичност може да му се заблагодари на специфичниот образовен пристап кај своите допломати и стручњаци за комуникација. САД во последните години наназад нанижа бројни порази во своите воени авантури – од Авганистан, Ирак до Либија,ама за јавноста секоја од тие ситуации ќе ги прикаже како успех, без оглед што Талибаните во Авганистан повторно се закануваат со преземање на контролата, како и тоа што Ирак денес е под големо влијание на Техеран отколку Вашингтон и што во Либија е хаос од кој САД нема никаква конкретна корист.
Истата “школа“ ќе се примени и сега – официјални коментари на актуелната ситуација сеуште не стигнале од Вашингтон, ама можеме да прогнозираме тека тие ќе бидат нешто слично како “ го поздравуваме ангажманот на турските сили во борбата против героризмот“. Во суштина овде сведочиме за целосно пресемање на контролата од Турска страна во судирот кој во стварност се води помеѓу Турција и САД, ама тоа би звучело многу страшно за тоа на таков начин да се почне да зборува во јавноста.
Во ваква комплексна ситуација тешко е да се каже каде судирите и интересите се раздвојуваат, а каде повторно спојуваат. Турција може “малку“ да влезе во Сирија, а може и многу длабоко. Можеби на крај ќе се спои со американските сили и заедно да кренат на Дамаск, кој знае, ама во овој момент тоа сепак не изгледа така – во овој момент изгледа дека Турција и САД завојувале преку посредници.
Што се случува? Турција како пренесува Ројтерс утрина покрена “голема офанзива“ на сирискиот град Јараблус. Сранува збор за град кој се наоѓа на самата турска граница, а пред војната имал околу 11,000 жители. Меѓутоа, станува збор за стратешки многу важен град.
Во времето на пишување на овој текст турските тенкови веќе продираат кон Јараблус, а можеби веќе се и внатре.

Припадници наСлободната Сириска војска (ФСА) под контрола на Турција, влегуваат во Сирија и тргнуваат на градот Јараблус – првата цел е ИСИЛ, ама втора се и Курдите.
Меѓутоа тоа не е сё припадниците на курдските сили YPG минатата година планирале да тргнат спрема Јарабулус со цел да го ’ослободат’ (станува збор за град во кој пред војната живееле мнозинство на Курди) Веројатнот курдите тоа и би го направиле, ако тогаш експлицитно не се огласеше самиот турски претседател Ердоган истакнувајќи дека ќе влезе со турска војска во Сирија и запре Курдите доколку му “се заканат на Јарабулус“.
Така да актуелното влегување на турската војска во Сирија може да се каже дека покрај борбата со тероризмот има и друга врска која го исцртува распаѓањето на комуникацијата помеѓу Анкара и Вашингтон. Имено турските власти сватија дека Американците, чии советници веќе некое време се наоѓаат меѓу курдските борци на терен,. ќе ги тераат курдите да тргнат рокму на градот Јатабулус, како би ја презеле контролата над целата турско-сириска граница.

Турската војска засигурно че го заземе Јарабулус како би го спречиле шорењето на контролата на Курдите, а дословно Курдите ги претставуваат посредничките сили на теренот во Сирија, значи оправдано може да кажеме дека ова е судир помеѓу Турција и САД.
Шро ќе се случи потоа? Војските се подготвени за жестоки пресметки од сите страни и сега главниот збор ќе го одигра воената дипломатија, Дали Бајден денес во Турција ќе го увери на Ердоган дека ова нема смисла и дека идниот Сириски Курдистан, под патронат на САД, во стварност ќе биде сојузнички проект сличен како оној Ирачкиот Курдистан: Или пак Ердоган кој и онака не е некој љубител на САД, потполно ќе ја сврти геополитиката наглавачки и здружо со анто-амариканските сили против амаериканските проекти од кои засигурно еден е и Сириски Курдистан?
Понатаму, клучна ќе биде и руската дипломатија и колку таа може да влијае на старо-новиот пријател Ердоган, ама и на сириските курди бидејќи Русија и меѓу нив има одредено влијание.
Денес Турција со тенкови тргна на ИСИЛ, при што ќе се користат и авиони, тенкови и разна воена технологија, и на крај преку копнена офанзива, веројатно е дека ИСИЛ ќе се повлече и градот Јарабулус да остане под контрола на Турските сили. Што ќе се случи потоа: Турската војска би можела да тргне во директна пресметка со сириските курди, YPG- а потоа ни САД нема повеќе да имаат избор, и ќе мора да признаат дека повеќе немаат никаква контрола над Анкара и дека штотуку сега војуваат со една членка на НАТО алијансата.А понатаму како ќе се одвиваат работите останува да се види кој ќе повлече правилен потег.










