Судирите на границата на Ерменија и Азербејџан кои се борат за превласт над спорната енклава повторно избувнаа откако пред неколку месеци во официјална посета на Азербејџан претстојуваше турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Размената на оган, која вклучувала и користење на тешка артилерија и авијација, се заканува на овој трусен простор помнеѓу Русија и Турција повторно да се стави-фрли во нова војна.
Новата екалација на сидорите во Нагорно-Карабах после речиси 22 години мир повторно на прв план го исфрли овој “замрзнат конфликт“ со Кавказот чие повторно палење може да има далеку пошироки опсни последици од регионална војна. Територијата на Нагорно-Карабах денес во голема мера сеуште е предмет на спор помеѓу Ерменија и Азербејџан.
Овие две нации, кои го делат тој простор, започнаа да се судираат околу него во 1988 година, уште за време на Советскиот Сојуз. Со распаѓањето на заедничката држава во 1991 година избувна војна која траеше се до 1994 година, кога Русија успешно издејствувала примирје.
Од тогаш имало само спорадични судири кои сериозно не го нарушувале примирјето. Меѓутоа, вчерашната размена на оган, која вклучувала користење на тешка артилерија и авијација, се заканува дека овој трусен простор помеѓу Русија и Турција ќе го фрли во нови војни.
Russia calls for end to deadly clashes in Nagorno-Karabakh https://t.co/IKcQDHIbHC
— euronews (@euronews) April 2, 2016
Портапролот на ерменското Министерство за одбрана Артсрун Ховханисјан за агенцијата АП изјавил дека борбите се одвиваат по должината на целата ’контролна линија“ која го раздвојува Нагорно-Карабах од остатокот на Азербејџан.
Хованисјан во одвоена објава на Фејсбук наведил дека двете страни претрпеле губитоци, како и дека е погоден еден азербејџански хеликоптер.
Најновите борби представуваат најсериозни кршења на примирјето од крајот на ерменско-азербејџанската војна. Избувнувањето на судирите на овој простор многу лесно може да ги вовлече и другите меѓународни актери а тоба и имало катастрофални последици по меѓународните односи.
Азербејџан, како извозник на нафта, поседува силна вооружена сила, ама Ерменија е членка на ОДКБ и веќе има руски трупи стационирани на својата територија. Ако дојде до ситуација во која руските трупи би морале да се бранат или одговорат на оган, многу брзо би се, како и пред 100 години “активирале низа на сојузи“ во кои интересните страни, како ОДКБ а и Турција ( а со тоа и НАТО соузот) би биле вовлечени во нова светска војна.
Однос на сили.
Моментално, азербејџанската војска брои околу 85.000 припадници. Покрај тоа тука се уште 300.000 поранешни војници кои служеле војска во последните петнаесет години. Азербејџанската авијација и ПВО брои околу 8.000 припадници, 106 авиони и 35 хеликоптери. Притоа , голем сојузник на Азербејџан и нејзините вооружени сили е Турција , членка на НАТО.
Од друга страна, вооружените сили на Република Ерменија денес брои околу 81.000 активни и околу 32.000 војници и офицери во резервен состав. Националната гранична служба задолжена е за безбедност на границата по должината на границата со Грузија и Азербејџан, додека руските трупи ја контролираат границата спрема Турција и Иран. По потрева, војската е во состојба да ги мобилизира сите воени способни мажи на старост од 15 до 59 години..

Ччленка на ОДКБ
Од 1992 година Ерменија е членка на ОДКБ. Има развиена воена соработка со Русија, чије присуство во воените бази во земјата е продолжено до 1044 година. Како членка на Договор, може да смета на подршка на ОДКБ.
Овде не треба да се занемарат ниту вооружените сили на Република Нагорно-Карабах, кои продолжија да се развиваат во период после војната.
Тие се состојат од пешадија, тенкови, арилерија, ПВО системи и авијација. Силите имаат 25.000 активни војници и 30.000 во резерва.
Треба да се потсети дека актуелната ерменска влада се откажа од приклучување кон ЕУ и одлучила за влегување во Евроазиската економска унија, односно заедница со Русија, Белорусија и Казахстан. Членството во ОДКБ претставувал следен логичен чекор.
Азербејџан генерално е неутрален, ама исто така клучен сојузник е во регионот е Турција со која дели културна, етничка па и јазична врска и еден од приоритетите на американскиот Стеј Департмент е зајакнување на влијанието во тој дел од светот.
Ангажман на Анкара во војната на овој простор многу брзо во судир би можело да го вовлече и НАТО сојузот ( спрема член 5. од НАТО договорот кој се однесува на колективна одбрана). За ова сценарио започнало да се нагаѓа после соборувањето на рускиот авион од страна на турската авијација во Сирија.
Освен тоа што Русија спроведувала економски мерки против Анкара, наговестени се и низа на други можности за проширување на овој судир. Една од таквите можноста затегнатоста да се прошири и на Кавказот, немирно подрачје во кое две сили одамна имаат меѓусебно спротивставени интереси и влијанија.
Турција стана цврст сојузник на Азербејџан во судирите со Ерменија, Два дена откако беше срушен рускиот воен авион, Давутоглу изјавил силна подршка на Азервејџан изјавувајќи дека Турција ќе направи сё што е можно да се ослободи “окупираната територија“ на Азербејџан.

Каде во целата оваа приказна се наоѓа Балканот?
Она што е интересно е дека жариштето на Карабах повторно се пали, ама ниту на Балканот не недостасува воена реторика, особено во Босна.
Државата која е поделена на два ентитети се соочува со сецесионистички тенденции на Република Српска што предизвика одредено зближување на ставовите во Федерацијата и одстапките кон Хрватите.
Исто така НАТО сака по итна постапка земјата и официјално да ја вклучи во овој сојуз. Со тој чекор единствено Србија во целиот регион и останала надвор од било каков сојуз, а тоа би им помогнало да се одлучи дали е за Русија или НАТО.
Меѓутоа, соседите на БиХ не остануваат само на реториката туку ти и се вооружуваат, со донации од НАТО ама и Русија.
Исто така, Црна Гора доби покана за членство во НАТО а тоа предизвука мегодување на еден дел од наслението на ова балканска држава.
Македонија минатото лето беше во центарот на јавноста заради антивладините протести, кои поедини аналитичари ги отценија како антируски, додека најновите во Црна Гора може да се окарактеризираат како анти-НАТО.
Доколку во обзир го земеме и Косово кое со едно гледа на прешевската долина, ама и Снџак кој традиционално тежнее кон Сараево ќе сватиме дека ситуацијата во регионот сложена е отколку што сме можеле да замислеме и чини.
А во случај на нови судири на Кавказот, Русија повторно со воена сила би морала да ги брани своите интереси во Абхазија и Јуќна Осетија, истовремено заштитувајќи ја Ерменија, со која има специјални односи и коај е членка на воениот сојуз на ОДКБ.
Доколку пак се откаже од одбрана на Ерменија, сегашниот проруски режом во Ереван би морал да се преориентира кон Вашингтон или би бил урнат во новата ’обоена револуција’ која ерменската прозападна опозиција се повеќе гласно ја најавува.
Истовремено нема никави гаранции дека не ни уследиле и провокации и правец на балтичките земји, Полска и Романија, кои исто така се подготвени за судир со Русија.
На тој начин за Русија би се затворил круг од Балтикот до Каспиското море, а со децении грижливо потхрануваната омраза на овие земји спрема Москва би добила нова, застрашувачка димензија.









