Во срцето на Африка се подготвува нова војна во веќе напатеното подрачје на Бурунди. Медиумски занемареното подрачје не дава доволно податоци за секојдневното приблиижување кон воен конфликт. Упатените зборуваат дека време е за интервенција на меѓународната заедница во вид на испраќање на мировна мисија, како и тоа воените сили на Бурунди да се вратат од мировната мисија во Сомалија и заштитат својот народ.
Моменталната криза во Бурунди започна воаприл 2015 година, кога претседателот Пјер Нкурунзиза најави дека ќе се кандидира за шеф на државата по трет пат. Станува збор за неуставен чекор бидејќи уставот на Бурунди налага дека претседател може да биде избиран на два последователни изборни мандати. Во обид да ја заобиколи уставната одредба, Нкурунзиза тврди дека не првиот пат не бил избран од страна на народот, туку од страна на парламентот 2005 година. Неговиот трет мандат во стварност би бил втор мандат.
Најавата на третата кандидатура доведила од излегување на улица на стотици повеќето млади луѓе. Протестите против претседателот насилно биле сузбуени. Тогаш биле убиени неколку лѕѓе, а на улиците на главниот град Бујумбуре воеведен е полициски час. Уставниот суд на Бурунди на 5.мај 2015 ја потврдил третата кандидатура, под притисок на владата. Тоа повторно водело до уште поголеми протести во кои 13 особи го загубиле животот. До повторниот избор на Нкурунзизе во јули 2015 убиени се уште 70 особи, а опозицијата ги бојкотирала изборите. Изборите не ги сопреле конфликтите во општетсвото. Токму спротивното, владата продолжува со кршење на протестите, приведување на сите кои биле вклучени во нив, а се зборува за мачења и убиства. ОН ги документирале случаевите на масовни силувања и масовни гробници.
Според независните медиумиски извештаи, повеќе од двеста илјади луѓе го напуштиле Буринди до октомври 2015 година, а таа бројка и понатаму се зголемува. ОН проценува дека 230 луѓе побегнале од Бурунди во текот на големата напнатост во земјата. Важно е да се нагласи дека жртви на режимот повеќето се млади луѓе кои етнилки се Тутсии. Со тоа судирот кој настанал како политички конфликт засега прераснува во етнички, а тоа е исклучитрлно опасно заради историјата на земјата. Пораката која Нкурунзиза сака да ја испрати до меѓународната заедница е деја тој е популарен претседател, а дека го мрзат само Тутсиите, односно малцинство кое копнее за моќ.Од кога стекна независнот од Белгија 1962 година, Бурунди била нестабилна земја проследена со војни и геноцоди. Мнозинството население се еднички народ Хуту (85%) додека малцинството се народ Тутси (14%) и тва (1%). Земјата своите први демократски избори ги имала во септември 1961 година. Во атентат во 1965 година убиен е премиерот Пјер Нхендандумве, после што за ги убиваат Тутсите во градот Мурамуја. Таму започлан огнениот круг, како што тоа го нарекол поранешниот претседател на Бурунди Пјер Бујоја во својата книга за неможноста од постигнување на мир во Бурунди. Од тогаш етничките идентитети се земаат како начин на добивање и одржување на политичка моќ, како и пристап кон богатството.
Мирот во Бурунди приостигнал дури во 2000 кога сложениот -комплициран договор за мир го запечатил Нелсон Мандела. Трансформацијата од фракционистичка етнократија во делотворна демократија била многу брза, ама ова волшебна промена траела дури само пет години, се додека Нкурунзиза не дошол на власт.
Во Бурунди, пристап до државната моќ истовремено значи и пристап до богатството. Исфрлувањето од круговите на политиката создава големо незадоволство, што лесно може да се претвори во етнички конфликт. Бурунди веќе искусил една епизода од геноцидно насилство. Според провценките, 200.00 луѓе се убиени во 1972 година и дополнителни 20.000 во август 1988 година. Откако е убиен претседателот Ндадаје во 1993 година, владее војна помеѓу војската и владата која подржува милицијата од една, како и бунтовниците и нивните поборници од друга страна. Од тогаш се убиени уште 200.000 луѓе, а прогонети се околу 350.000 особи, Овој краток преглед на судирите во Бурунди од прогласувањето на независноста може да води кон заклучокот дека судирите навистина се етнички по својата природа. Меѓутоа поблиска аналзиа дава послоќена слика. Судирот има и свој регионален, надворешен и класен контекст, и извира најмногу од политичката и економска нееднаквост. Ертничкио фактор се повеќе е користен за мовилизација на масите.
Ви слабо општество, каде производните ресурси се мали, борбата за успех со тие ресурси е исклучително јака. Покрај тоа, контролата над ресурсите во Бурунди ја имаат државните институции. Политичките лидери ја користеле својата моќ за мобилизација и манипулација со културните и етнички разлики како би ја зајакнале локалната подршка и консолидираат својата моќ.
Опортунистите ја практикувале политиката по етнички линии и користеле етничка поларизација како би ги достигнале своите политички цели. Етницитетот исто така повторно се потврдува како силна мобилизациска елита. Конфликтот во Бурунди, заради тоа се одвива околу ресурсите и моќта за тие ресурси, и во својата база не претставува етнички судир. На крај, обидот за државен удар го извеле Хутуите, а не Тутсите.
Активноста на претседателот не претставува ништо друго туку само повторување на минатото. Тој сега ја трансформира кризата која настанала исклучиво од политички конфликт и сега го поставува како етнички. Владата во стварност ја инструментализира историската етничка неслога, со што претседателот повторно би ја добил најголемата популарност меѓу мнозинското население. Нкурунзиза се придвижува во светот како предан христијанин, а таа вера ја доживува како најголема вредност на Бурунди. Поранешниот Хутуевски бунтовник од политичко моќно семејство, настојувал свесно да подтикне етнички поделби. Како фален помитител и поборник на уставот, претседателот на Тутсите и жените ги ставил на најважни владејачки позиции. Ама неговиот идеализам не ја надјакнал неговата желба за моќ.
Пред тоа, претседателот се обидувал се обидувал земјата да ја стави под своја контрола со исфрлување на “нелојалните“ војници и опозициски членови на владата, па како своја последна можност ги искористил нападите на главниот кварт на Тутсите.Имено, генералот Годерфроид Њуомбаре со обидол да изврши воен удар против Нкурунзизе. Многу противници на сегашниот претседартл побегнале и создале свое движњее во Адис Абеба , престолнина на Етиопија која воедно е и седиште на Африканската унија. Партијата на Нкурунзиза започнала со чистки на сите оние кои станале критички спрема третседателот. Па дури и оние кои имале клучни улоги во неговото искачување на власта не биле поштедени. Сите интелектуални и политички дисиденти , кои може и успеале, ја напуштиле земјата. Оние кои останале со претседателот, од друга страна пак станале ненормално богатоБурунди западна во политички немири од мкои тешко дека ќе се извлече. Во септември бунтовниците нападнале три воени база во Бујумбури, а владата одговара со низа на одмазди во кои гинат цивили. Стотици веќе се убиени, а според извештајот на Амнести Интернешнл убиени има на секој чекор во главниот град. Бунтовниците се обидуваат да го свртат светското внимание на растечкиот хаос во Бурунди. Тие се обидуваат да подтикнат странска интервенција.
Играњето на етнилчки идентите успешно и политилки е опасно по животите на грашаните на земјата. ГТие граѓани уморни се и демотивирани, а ризикот од геноцид не може претерано да се нагласи. ОН и Африканската унија се обиделе да преговараат со претседателот на Бурунди. Африканската Унија на18.август 2015 година ја најавила својата намера да размести сили за чување на мирот во Бурунди. Тој акт наишол на строг отпор на претседателот, кој го нарекол инвазиска сила. Од тогаш Африканската унија не направила ниту еден нов чекор.
Делегација на советот за безбедност на ОН по втор пат на 21.јануари ова година го посетила Бурунди. Цел на оваосета било одобрување на претседателот да започнат преговори со бунтовниците и прифати распоредување на сили на Африканската унија. Раководителката на делегацијата Саманта Поувер еден ден после посетата изјавила дека делегацијата не постигнала никаков напредок кој може да се поздрави. Спротивно на тоа, ОН не би требало да биде мирен, бидејчи се доаѓа до се поголеми извештаи дека во судирите се вклучила и соседна Руанда. Наводно околу 70 илјади бурундијски бегалци се наоѓаат во Руанда, а воедно Руанда сака да обичува борци за борба против бурундијскиот претседател. Пол Кагане, претседале на Руанда, ги отфрла ваквите нагаѓања, и покрак некои независни потврди.
Информациската блокада резултат на исчезнување на медиумските известувања од Бурунди. Пред десет месеци власите запалиле радио станица во Бујумнбури, па граѓаните се потпораат на вестите кои ги добиваат по пат на социјалните мрежи и своите паметни телефони.
Вестите кружат пои методата граѓанин-новинар, ама и тоа сепак доведува до култура на непотврдени информации и страв. Повеќето Бурундијски новинари, повеќе од стотина, се засолниле во соседните држави, од каде се обидуваат да дознаат што повеќе информации за судирите кии ја зафатиле земјата.
Извори: National.ae, qz.com, BBC, Freedom House, Crisis Group/advance.hr