Министерот Алберто Гарзон (Alberto Garzón), откри план за стопирање на кладилниците и казината, при што владата има за цел да стави крај на зголемената зависност од коцкање во Шпанија (España).
Во јануари, на власт дојде левичарската коалиција составена од Шпанската социјалистичка работничка партија (ШСРП) (PSOE) и Унидас Поддемос (Unidas Podemosa), на која припаѓа Гарзон. Во предизборната кампања, Унидас Поддемос (Unidas Podemosa) вети дека ќе започне кампања насочена кон заштита на младите луѓе и зависници од коцкање, а сега сака да го исполни тоа ветување.
Коцкарската индустрија цветаше во Шпанија (España), во последната деценија. Интернет букмејкерите, спортските обложувалници и казината го заземаа доминантното место на пазарот од државните лотарии и покер машини поставени во кафулиња и ресторани.
Модриќ исто така промовира обложување.
Владата има намера да го намали рекламирањето на ваквите спотови на телевизија за 80 проценти и да им забрани на компаниите да користат славни лица за комерцијално обложување. Меѓу славните кои се користат за промовирање обложување е и капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ (Luka Modrić).
Најголемиот букмејкер Кодере (Codere) има договор со неговиот клуб Реал Мадрид (Real Madrid), според кој Модриќ (Modrić)), добитник на наградата Златна топка 2018 година за најдобар фудбалер на светот, учествува во промотивните настани на тој букмејкер. На нејзината веб-страница се наоѓа фотографија од него, како и неговите соиграчи Еден Хазард (Eden Hazard(, Тони Крос (Toni Kroos) и Дани Карвајал (Dani Carvajal).
Обложувалниците и покер турнирите ги користат другите фудбалски везди како Кристијано Роналдо (Cristiano Ronaldo) и Нејмар (Neymar), затоа што фудбалот е исклучително популарен во Шпанија. Овие реклами се прикажани на телевизија.
Обложување е во последните 4 години, тројно се зголемило.
„Регулативата треба да биде слична на онаа на тутунската индустрија“, рече Гарзoн Garzón). „Ние не ја регулираме текстилната индустрија, туку сектор што може да има јавни здравствени последици“, додаде тој.
Меѓу предложените мерки е и забраната за промоција на ваучери за коцкање кои, според Гарзин, привлекуваат ранливи групи подложни на зависност од коцкање.
Бројките на владата покажуваат дека обложување преку Интернет е тројно зголемено помеѓу 2014 и 2018 година, достигнувајќи 17,8 милијарди евра.
Лобито за обложување и коцкање проценува дека играчите во Шпанија (España) годишно губат вкупно 10 милијарди евра преку спортско обложување, казина и национална лотарија, што е околу 0,8 проценти од БДП на Шпанија.
Пренесува: „Dubai-Portal“
Пишува:„ Forbes“









