вакцина

Британка е избрана да стане првата особа на светот која примила природна вакцина против ракот.

Новата вакцина е дизајнирана да го стимулира имуниот систем на организмот кој ќе треба да ги унушти туморите кои се шират по одганизмот.

Кели Потер (35) ќе проба да се излечи со вакцина во наредните две години, обидувајќи се да го одстрани ракот на материцата која и и дејагностицирана во јули 2015 година.

Истовремено лекарите имаат намера да вклучат и хемотерапија со ниски дози за да видат до која мера имуниот систем ќе се бори против ќелиите на ракот.

Кели која живее во Бекенхам во Кент, мината година добила дијагноза рак на материцата во четврт стадиум, што значи дека ракот се проширил и на другите делови на телото, а лекарите одлучиле да ја вклучат во клиничко испитување.

“Имав одличен третман во болницата во која ми беше констатиран и стабилизиран ракот, ама болеста за жал се прошири и на бубрезите и белите дробови. Кога ми рекоа  дека можам да учествувам во клиничкото испитување, бев воодушевена“, изјавила Потер. “Чест ми е да учествувам во ваков проект“.

Таа вакцината ја примила на 9.фебруари и ќе мора болницата да ја посети уште 7 пати како би завршила со третманот. Лекарите ја предупредиле дека може да ги почувствува симптомите слични како оние на грипот, ама таа изјавила дека досега немала никакви симптоми.

“Се надевам дека ќе успеам да му се спротивставам на ракот што е можно подолго. Се помирив со фактот дека е мижно да не успеам во тоа. Сакам да бидам иснпирација за другите луѓе заболени од рак“, рекла таа.

Вакцината содржи фрагмент на ензим по име хумана теломераза – реверсна трнскриптаза (hTERT),, која им овозможува на челиите на ракот константно да се размножуваат. Лекарите се надеваат дека со вбризгување на овој антиген во крвотокот ќе го стимулира имуниот систем да создаде антитела кои ќе ги нападнат ќелиите на ракот, ама не и здравите ќелии.

“Знаеме дека имуниот систем кај пациентите заболени од рак е сузбиен и дека не моќе да ги препознае и убие ќелиите на ракот“, изјавил професорот Хардеј Панда, главен истражувач на ова клиничко истражување од Сури универзитетот во Гилдфорд.

“Со ова клиничко испитување се обидуваме да истражуваме нов облик на имунотерапија дизајниран да го активира природниот имун систем на организмот по пат на вакцина која содржи фрагменти на клучниот ензим на ракот“, изјавил професорот Панда.

Лекарите исто така тврдат дека пациентите подлоќени на клинички испитувањ че добиваат и мали дози на хемотерапии покрај вакцината со која би се стимулирал имуниот одговор против ќелиите на ракот.

Ова е дури прва фаза на клиничко испитување, ама лекарите се уверени дека тоа ќе даде добри резултати.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here