Една по една, земјите го затвараат своите граници, а истовремено нема показатели дека Европската унија заеднички ќе одговори на бегалската криза. Илјадници мигранти се насобраа на границата на Грција и Македонија. Македонските безбедносни сили во непосредна близина на Идомени употребија солзавец како би го сопреле продорот на мигрантите понатаму кон Европа. Сё поголем број на бегалци се собираат на оваа граница, каде се очекува дека ќе се формира привремен камп, меѓутоа студот, гладта и фрустрациите претставуваат сојузници на сё поголемата нервоза која може да заврши со напад на граничните службеници и полициските сили.
Хаосот на прагот на Европа може да ескалира секој ден, меѓутоа малу кој посакува да ја послуша германската канцеларка Ангела Меркел. Европските политичари во наредните денови ќе бидат принудени да завземат став помеѓу оној на Меркел и оние ставови на кои ги застапуваат унгарскиот премиер Виктор Орбан и фламанскиот националист Барт де Вевер. Како што сега стојат работите, во Европа секој игра своја игра, а малку кој денес се сеќава дека сите земји членки прифатија обврски кои произлегуваат од Даблинските регулации, Европскиот систем за азил, Фронтекс и Шенген.Дури и да нема такви одредби, тогаш европските држави би морале да се држат до Женевската конвенција за заштита на бегалците.Хуманитарните политики во светот денес очигледно не се препознати. Никој не создава доволно напори да се погрижи за последиците од долгогодишните пропусти и самоинтересни реалполитики спрема Блискиот исток. Сирија и Ирак некогаш беа најнапредни земји во арапскиот свет, а денес да потонат во хасо и раселување на населението. Европа повеќе не сака да одговара за тоа примање на силниот бран на бегалци. Арапските земји како да се однесуваат крајно несериозно спрема сопствената панарапска и панисламска политика.. САД и Русија се надеваат дека никој нема да праша за нив во ова хуманитарна катастрофа. А целокупниот проблем може да се реши со координација и односот спрема Турција.Турција поединечно прими најголем број на бегалци, иако бројчаноста на сириските бегалци во Либан и Јордан ја достигна бројката која се натпреварува со стабилноста на самите држави. Турската влада изјави дека земјата едноставно повеќе не може да се носи со новите бранови на бегалци, ама и дека нема да ја затвара вратата.Околу 50 илјади Сиријци од средината на фебруари чекаат на граничниот премин Баб ал-Саламех во камп кој го изградија турските хуманитарни организации на сириска територија. Премалки шатори, премногу луѓе, постојат големи потреби за ќебиња и друг вид на покривки, санитарни чворови, како и храна особено онаа за децата и бебињата. Во меѓувреме сите Сиријци кои успеале да побегнат од граѓанската војна во Турција сакаат што побргу да заминат од ова земја. Според некои,Турција би требало да ги спречи во ова нивна намера, ама таа тоа не го прави.
Во Турција сега речиси има блиску 3 милиони сириски бегалци. Што повеќе се продолжува граѓанската војна во соседната земја, тоа ќе биде исторемено и се погилем број на луѓе кои ќе сакаат да ја напуштат Турција и заминат во европските земји. Првата причина за напуштање на Сирија е безбедноста, а сега сё повеќе нагло се зголеми и надежта за примирје и крај на граѓанската војна во ова земја. Засега Сиријците не сакаат да се вратат, сметаат дека за себе и своето семејство можат да обезбедат подобар живот. Тоа не го сметаат за можно во Турција, иако турската влада постојано превзема мерки како би го намалило страдањето на сириските бегалци и спречи нивното движење кон Европа. Овде пре се мораат да се напоменат и активностите на Труските власти кои имаат обезбедено најсовремени прифатни места (кампови) во најсовремени објекти, а истовремено се превземаат и мерки за нивно дообразување и школување со отварање на нови училишта, како и запишување на студенти.
Меѓутоа, во сето ова Турција е осамена. Како што напоменавме претходно горе, сеуште колку за пример се чувствува недостаток на училишта за децата. Турската влада се обврза да отвори нови десет обрзовни центри во центарот на регионот Рејнали, близу сириската граница, каде живеат околу 65 илјади Сиријци, меѓу кои и 40 илјади деца. Овој потфат помага, ама само до одредена мера. Речиси половина милион деца во Турција не добиваат никакбо образование. УНХЦР го координра регионалниот план за бегалците и итно ја повикува меѓународната заедница да ги овозможи фондовите кои ги вети. До сега агенцијата на ОН остварила само 33% од зацртаниот план и цел.
Во јануари 2016 година Турција вети дека ќе отвори пазар на трудот за сириските бегалци. Министерот за европски прашања Волкан Бозкир о таа прилика изјавил дека Турција се обидува да го намали притисокот на илегалната миграција давајќи им на Сиријците турски дозволи за работа. Сепак, тие мерки претставуваат еден вид на крпење на дупките низ кои Сиријците најчесто се провлекуваат. Турската заштита, по дефиниција е привремена, притоа не постојат и закони кои Сиријците или било кои други бегалци кои пристигнуваат во Турција, ги признава како бегалци, и од тука не можар да добијат дозволи за постојан претстој. Турција тука се држи до својата географска ограниченост од Конвенцијата од 1951, која се однесуа на статусот на бегалците. Според ова конвенција Турција прима и ги признава само бегалците кои пристигнуваат од европските земји !
Колку и би било чудно, географското ограничување и понатаму е на сила, и без сомневање ќе остане и во следните години. Заради тоа секој напор при сопирањето на бегалскиот бран кон Европа се дожививува како залуден. Токму во тоа подрачје постигнат е договорот на Турција и Европската унија во ноември 2015. ЕУ се обврзала на Турција да и даде три милијарди евра за подобрување на условите на Сиријците во Турција,а за возврат туркста влада да се обиде да го спречо минувањето на бегалците кон Европа. Таквиот договор однапред е осуден на пропаст, Турското крајбрежје е големо и вовлечено, со безброј мали и скриени ували од каде се тргнува на опасно патување спрема грчките острови. Во стварност овој договор може да доведе до зголемување на смртноста при преминување на морето, бидејќи најкратко и најчесто рутите ќе бидат под посебен контрола на турските крајбрежни сили, па од тука тоа ќе ги антера бегалците да тргнат по долгите и опасни рути.
Во фебруари 2016, врпочем, ЕУ не исплатила ниту еден цент од постигнатиот договор, бидејќи наводно не била задоволна од турските напори за затварање на бегалските рути на Егрјското море. Заради тоа,Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган “ ветил“ дека ќе ги отвори своите копнени граници кон Грција и Бугарија, кои засега цврсто остануваат затворени. Најнапред изгледало дека станува збор за новинарски сензационални вести, меѓутоа Ердоган навистина својот став го потврди во говорот на 11 фебруари кога изјавил дека е горд на тоа што владата ги одбранила правата на Турците и бегалците. Турција на Европјаните им рекла дека сега ќе ги отвори своите излезни врати и поздрави мигрантите при нивното заминување во Европа, ( оние кои што сакаат да ја напуштат Турција), напоменал Ердоган.
После тоа турскиот претседател ги нападнал и Обединетите Нации, кои ја повикаа Турција да ја отвори јужната граница каде 10 илјади Сиријци чекаат. Ердоган одговорил дека тоа е можно само ако државите членки на ОН ги примаат тие луѓе, притоа порачувајќи му на ОН: Срам да вие! Турција и нејзините граѓани сё повеќе се разочарани во меѓународната заедница која на Турција ја повикува да направи повеќе за бегалците, додека самата таа воопшто не придонесува ниту малку.
Сепак, Турција има и политички причини за ваквиот став, бидејќи бегалците бегаат од руското бомбардирање и доаѓањето на сириската војска во Халеп. Во текот на неодамнешната посета на Холандија, која моментално претседава со ЕУ, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјавил дека сирискиот претседател Башар ал Асад и Русија се обидуваат етнички да го очистат северниот регион на Халеп, оставајќи ги само приврзаниците на Асад. Давутоглу притоа го коментирал и тоа дека секој бегалец кој Турција го прима допринесува на политиката за етнилко чистење. Освен што турската политика губи во тој сегмент, исто така постои и силен страв од влегување на курдските сили во сириските покраини западно од реката Еуфрат.Заради тоа на Европа и е неиопходен план Б како алтернатива на политиката на Меркел и политиката на Орбан. Освен борбата против бегалскиот бран. контролата на миграциските токови, подеднакво мора да се одрази и социјалната инфраструктура на популацијата во движењето, како и ставот на Европјаните спрема политичката глобализација. Европјаните ја градат ЕУ. Политичкото водство и поименувањето на европското граѓанство се потреби, ама ниту една од тие категории не може да ги исполни барањата на Европјаните. Моменталната криза за која Европјаните сведочат е отрезнувањето од некои изминати сни. Европа после студената војна излезе од егзистенцијалната криза во насока на интеграциите. Денес некои потреби водат кон повисока интеграција, додека некои стремат кон помало интегрирање.
Најголема потреба сега е да Европјаните сватат што значи политичка глобализација во иднина. Овде не се работи само за економска глобализација за која бесконечно се разговара во последните две десетлетија, и која и ден денес е предмет на расправа и конфузија. Политичката глобализација тежи кон политички поредок на планетата кој ја надминува регионалната структура. Таа на Европјаните ќе ги извлече од своето комотно ќоше, палтено со американски пари, во кое либералниот поредок, плурализам,политичка стабилност и отсуството на големиот судир го земаат здраво за готово. Европа може доста од тоа да изгуби во политичката глобализација, пред сё европскиот начин на живот кој сега толку грозничаво се брани и одржува. Некои сакаат да се придружат на тој начин на живот бидејќи го сакаат. Други сакаат да го уништат заради тоа што го мразат.
Темелно, глобалниот поредок на Европјаните нема да им овозможи гаранција на препознавање и ќе создаде таков поредок во кој Европа ќе мора заедно и интегрирано да дејствува, или континентот ќе дојде до огромна загуба на својата важност.
Извори: UNHCR, BBC, Hürriyet, HRW