Сакаме млада и флексибилна влада која ќе ги задоволи аспирациите на нашите млади луѓе и ќе ги оствари амбициите на нашиот народ, изјави Шеик Мухамед

ОАЕ: Наскоро министри за среќа и толеранција и Совет за млади

САРАЕВО (АА) – Премиерот на Обединетите Арапски Емирати, објави дека земјата ќе формира државно Министерство за среќа, како дел од планот со за голема реорганизација на владата, јавува Anadolu Agency (АА).

Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, кој е премиер и владетел на Обединетите Арапски Емирати, најави дека министерот ќе води политика на создавање на општествени добра и задоволство.

Тој истакна дека во новиот состав на владата ќе биде формирано и државното Министерство за толеранција. Тој додаде дека неколкуте досегашни министерства ќе се спојат а ги претстави и плановите за поголемиот дел од владините служби.

„Владите треба да бидат флексибилни. Не ни требаат повеќе министерства, туку министри кои можат да се справат со промените. Сакаме млада и флексибилна влада која ќе ги задоволи аспирациите на нашите млади луѓе и ќе ги оствари амбициите на нашиот народ”, изјави Шеик Мухамед на Самитот на светска влада во Дубаи што се одржа вчера.

На твитер профилот првиот човек на Емиратите напиша: „Државниот министер за толеранција ќе ги промовира доблестите како основна вредност на општеството во Обединетите Арапски Емирати.”

Премиерот го најави и основањето на Националниот совет за млади на Обединетите Арапски Емирати. Тој објасни дека оваа група составена од елитни млади луѓе ќе даваат совети за прашања поврзани со младината. Водичот ќе биде жена, државен министер за млади, не постара од 22 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here