Јапонија следната година повторно ќе дозволи лов на китови во комерцијални цели, после неколкудеценискиот конфликт со ловците на китови.
Јапонија соопшти дека ќе се повлече од Меѓународната комисија за китови на 30. јуни следната година, и дека еден месец подоцна, ловот на китови повторно ќе биде одобрен, пренесе Гласот на Америка (ВОА).
Јапонскиот официјален претставник Јошихид Суга изјави дека земјата се обидува да принајде решение за комерцијален лов на китови во изминатите 30 години, ама дека земјите кои се фокусирани на зачувување на китовите не сакаат да прават отстапки.
Суга одредува дека ловот ќе биде ограничен на територијалните води и економска зона и дека повеќе нема да се организира лов на Антарктикот еднаш годишно.
Таквата одлука од Токио пристигна откако во септември Меѓународната комисијата за китови одби да дозволи лов за комерцијални цели.
Земјите што дозволиле лов на китови се Норвешка и Исланд.










