irak

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади дозволил четириесет илјади сунитски борци во Народните мобилизациски единици, сили кои досега исклучиво биле шиитски.Сега сё повеќе сунити сакаат да влезат во овие единици. Доколку Народните мобилизациски единици вклучат Ирачани од сите етнички групации и верски деноминаљции, тогаш тие би имале способност да станат национална институција најценета од сите. Присуството на 40 илјади сунитски борци од тука представува важана и нужна равнотежа во тие единици, а истовремено ја спречува восјата да стане поле за судир помеѓу политичките блокови.

Уште во октомври минатата година претседателот на ирачкиот парламент Салим ал-Џабури изјавил дека сунитите сметаат дека е тешко нивното можно влегување во Националните мобилизациски единици, како и тоа дека вратат за нив во овие единици не се отворени. Сепак ирачката влада верувала дека е потребно и официјално да се вклучат и сунитските борци против ИСИЛ. Одлуката на Абади се стреми кон промена на јавниот имиџ  на овие единици како шиитски борбени организации. Откако Абади ја покрена иницијативата за организирање на сите Ирачани против терористичката закана, ирачките воени сили започнаа да остваруваат успеси и ослободуваат градови кои биле под управа на друмските разбојници и садисти кои се собираат под фантомските идеи на вехабитското-селафистички милатеризам.
Изгледа дека во Народно мобилизациските единици потребата од смена на умиџот ја сватиле пред одлуката на Абади. Портпаролот на групата Карим ал-Нури безброј пати потврдил дека сунитски борци се приклучиле на единицте уште пред неколку месеци. Нивната присутност ја опишал како позитивна и потребна притоа нагласувајќи дека подрачјата мора да се ослободат од страна на нивните жители, бидејќи тие ја знаат географијата и деталите поврзани за особите кои се пруклучиле кон ИСИЛ, како и информациите за локацијата на терористите во складиштата со оружје. Имено ИСИЛ се вселил во сунитските провинции во Западот и Северозападот на Ирак, каде стекнал подршка од локалните сунитски шеици кои се спротивставувале на шиитската власт во Багдад.

И додека во единиците владее единство на сите Ирачани, некои сунитски политичари и понатаму се обидуваат да го обесхрабрат моралот на борците во борбата против тероризмот, па дури и ги омаловажуваат, додека централната влада се обидува да игра на гостопримството па укажува на важноста од одбрана на татковината. Ирачкиот парламен минатата година изработил предлог закон за создавање на Национална гарда. Дидавањето на сунитските борци предизвикало различн и мислења меѓу одредени политички партии, па парламентот не го одредил датумот кога би се можело во изгласување на тој закон.

Абади го подржува предлог законот кој би требало да донесе равнотежа на основата и политичките договори, како и на правата на основата на демографските пропорции. Со тоа на секои милион Ирачани Националната гарда би имала пет илјади сунитски борци. Борбата на сунитските и шиитските Ирачани и заедничкото ослободување на сунитските градови помага во односите на двете исламски деноминации и го затвара раздорот кој му штети на ирачката државност и опстојност.Сунитските борци ќе бидат стационирани во провинциите Анбар, Салахудин и Нинева, а подоцна ќе им се придружат уште десет илјади сунитски војници. Се претпоставува дека помеѓу 16.илјади ирачки борци и полициски службеници кои го обучувала коалицијата предводена од САД има и околу 4400 сунити. Нивното обучување вклучувало герилско војување, разминирање, ракување со импровизирани експлозивни направи, операции на спасување на боишта како и други воени вештини потребни за ирачките безбедносни сили во нивната борба против ИСИЛ.

Сунитскиот сојуз на ирачките национални сили предупредува дека мора да постои равнотежа во војската и во Народните мобилизациски сили. Парламентарниот претседател Џабури и неговиот претходник Осама ал-Нуџаиф, двајцата членови на Сојузот, сметаат дека премиерот Абди сега е на испит и дека мора да ја имплементира одговорноста спрема политичкиот договор, а тие вклучуваат реформи во државните инстутуции, обезбедување на равнотежа, работа на постигнување на безбедност и подобрување на животните услови за Ирачаните. Појавата на сунитските борци во некогашната исклучително шиитска единица ја поздравил ид Шејх Ашам Субхан Халаф ал-Џабури кој командува со сунитските борци во бригадата Салахудин. Таа бригата де дел од Народната мобилизацикса единица и одговорност сноси директно пред ирачката владакоја е одговорна за нивното вооружување и исплаќање на плати.

Ова воедно е и добра осноза за неодамнепните успеси на ирачките сили кои ослободија неколку подрачја во провинцијата Салахудин и Анбар, а биле под контрола на ИСИЛ. Борбените активности лесно е да се спроведат, ама ирачката влада сега е соочена со сериозен предизвик, бидејќи искоренувањето на тероризмот не бара само воени напори, туку мобилизацијата е потребна за обнова на животот на населението. Меѓу ослободените градови се Тикрит, Синџир и Рамада каде Ирачките сили веќе ги чистат позициитекои биле под контрола на ИСИЛ.

Подрачјата кои биле под контрола на ИСИЛ претрпеле големи штети на инфрастгруктурата, локалната привреда, и приватната сопственос, а аирачкиот парламент во јануари2015 година проценил дека штетата изнесува околу 25 милијарди долари. Од тогаш тој износ значително се зголемил, па така локалните власти во провинцијата Анбар и Дијала проценуваат дека 80% од потребните услуги се оштетени или уништени, а тоа ги вклучува мостовите,електричната енергија, здравството, водоснабдувањето и секторот за образование, Голема штета има и на државните финансиски ресурси поврзани со приходите земјоделството во подрачјата со плодна земја.

Ирачката влада веќе минатата година оснивала фонд за обнова и реконструкција, а во буџетот за 2015 година издвоено за ова намена се околу 451 милион долари. Краткорочните проекти б и требале да дадат сигурност, водоснабдување, електрилна енергија, прехрана, засолништа, лекарска грижа и образование, додека долгорочните проекти се ориентирани спрема инфраструктурата. Се разбира, таквиот потфат бара помош од меѓународните организации и донатори. До ден денес ниту еден проект не е започнат, а не се детализирани и плановите кои веќе се најавени во врска обновата.

Ирак е во многу тешка економска ситуација, бидејќи има голем дефиците на буџетот веќе две години, што претставува последица од ниските цени на нафтата, огромните трошоци против борбата со ИСИЛ, управување во трагични услови на огромната бројка на бегалци, азаедно со сето тоа мора да се одржи и јавна политика кон останатите граѓани. Неколку земји, вклучувајќи ја и САД ветиле подршка и финансирање на помош во Ирак како би се олеснала хуманитарната криза. Ирак досега не добил таква финансиска  помош. Мешународните финансиски институции алоцирале фондови кои би вложувале во Ирак кога војн ата ќе заврши,ама не и пред тоа.

Фактички нема планови за покренување на итни проекти за обнова во ослободените подрачја ни од ирачката влада ниту од странските институции и државата. Трагичните околности кои владеат во ослободителните краеви бараат итна стопанска заштита од заканите на тероризмот, како и сеопфатни проекти за обнова. Кога тие би се извеле, цел Орак би се чувствувал , односно би го почувствувал тој благодет, Багдат би ја зајакнал својата стратешка економска позиција и решил бегалската криза.

Од зад ова криза се натрупува и политичката криза во условите на Ирак како држава која мора да се одслика на визијата на западната демократија. Во стварност ирачката политичка култура е сосема понаква. Инстуционализираното политичко насилство длабоко е вкоренето во Ирак од разни идеолошки и партиски причини. Кралот Фајсал 2-ри е убие заедно со своето семејство во 1958 година, а бил убиен од страна на припадници на војската кои го предводеле државниот удар против кралството, и постигнале она што некои истражувачи го нарекуваат економска благосостојба и права демократија. Истиот ден убиен е и ирачкиот премиер Нури ал-Саид. Премиерот Абд ал-Карим Касим убиен е во пуќ од страна на воени припадници во 1963 година. Ирачкиот претседател Садам Хусеин сам убил голем број на противници на режимот, за да подоцна и самиот биде погубен. Од 2011 година па наваму ирачкиот парламент претставува центар на физички пресметки на парламентарците.

Ирачката политичка класа едноставно не е способна да формира демократија во својот правиле облик. Широко распространетото насилство меѓу парламентарците и политичката елита представува одраз на општо насилство кое веќе долго  време го одбележува на Ирак, до таа мерка што се заканува да остане дел од ирачкиот идентитет. Поединечно, политичарите повлекуваат драстични мерки во контраверзни прашања. Политичарите заедно со тоа имаат и слабо образивание и степен на култура за да ги исполнат своите инстуционални улоги. Од тука насилството на политичкиот степен представува вистинска закана по мирот на цивилите, бидејќи граѓаните веруваат дека политилчките лидери би морале да пронајдат решение на политичките проблеми. Од тука секој чекор на приблиќување на сунитите и шиите, во заедничка војска , представува еден вид на пат спрема дијалог без насилство.

Извори: Advance, Almada Press, Hshed.com, Al Iraq News, Al Hurra, Al Hashed, Al Sumaria TV, Al Taghier TV

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here