
Иран делумно ќе профитира со овој договор бидејќи сега му се одмрзнуваат и десет милијарди американски долари кои се наоѓаат надвор, а странските компании повторно ќе можат да делуваат на иранскиот пазар кој е сиромашен за многу работи, тргнувајќи од нови автомобили до делови за патнички авиони.
Странските компании сега се натпреваруваат за иранскиот пазар и тоа заигурно на Иран ќе му донесе еден голем економски замав, ама и нов глобален престиж. Сето ова се случува во во менти на големи тензии на просторот на Блискиот исток, а најголемите се однесуваат на судирот помеѓу Иран и Саудиска Арабија.
Јасно е дека за Саудиска Арабија ова е најлошо сценарио, – последно што сакаат да видат е излегувањето на Иран од длабоката изолација. Имено, Иран не е само економски (односно нафтен) рива на Саудиска Арабија, туку пред се и идеолошки и геополитички ривал. Иранското влијание се простира на Блискиот исток, тргнувајќи од Ирак,Сирија,Либан,Палестина,Јемен,Бахреин п и самата Саудиска Срабија каде живее шиитско малцинство.
Моментално еден дел на Блискиот исток е во војна – Сирија, Ирак и Јемен, а еден од значајните елемнти на ова војна е судирот помеѓу Саудиска Арабија и Иран. Се знае кој за која страна навива, се знае кој која страна подпира,се знае кој на која страна е најблизок.
Кога западот преговара со иранскиот претседател Хасан Рохани тогаш преговара со демократски избран лидер, што според нив во Саудиска Арабија е непознаница.
Тука нема повеќе простор за реторика и непотребна дебата – ако Западот навистина сака демократизација на Блискиот исток, во вистинска смисла, не како оној по теркот на George W Bush, тоаг како што тврдат тие , би требало да застанат зад Иран, притоа подрикнувајќи фундаментални промени во Саудиска Арабија.
Иран излезе од изолација, притоа 5 години трпејчи над овие процеси, а многумина во меѓувреме и се плашеле дека може да избувне голема војна доколку преговорите со Иран пропаднат. Меѓутоа, до војна не дојде, оние кои сакаат војна, пред се Израел и американските конзервативци се поразени а P5+1 преговорите( преговори помеѓу, Иран, САД, Русија, Франција, Британија, Кина и Германија) станаа триумф на дипломатијата.
Кој е следниот чекор? Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф објавил колумна во весникот The New York Times, во која истакнува: “ Сега е момент, особено сите муслимански земји- да ги примеме за раце и решиме целиот свет оа насилниот тероризам“. Со други зборови, Иран сека – псоле излегувањето од изолацијата се нуди како главна борбена сила која можеби сака да го скрши ИСИЛ и сличните варварски проекти кои хараат на Блискиот исток. На забадот би му било паметно, заради својата безбедност, на Иран и нејзините сојузници во ова мисија им дадат максимална подршка.