После пребројувањето на повеќе од 80% од гласовите, Данска на референдумот одбила посилно да се интегрира со ЕУ по прашањето на правосудството и внатрешните работи.


За “Не“ одговориле вкупно 53.7% од гласачите на референдумот на кој излезеноста била околу 70%.

Ова бил прв тест во последните 15 години за тоа дали Данска е подготвена за појака интеграци а со ЕУ, или подобро би задржала одредено растојание во однос на блокот од 28-те европски држави.

Заговорниците на одговорот “Да“ кои ги предводат либералите на премиерот Ларс Лок Расмусен ( Венстре) и опозициските социјалдемократи, истакнале дека Данска треба да соработува со останатите земји на ЕУ во борбата против организираниот криминал, прекуграничните финансиски измами и закани од припадниците на ИД.

Исходот од референдумот значи дека Данска во 206 година ќе излезе од Европол, европска агенција за полициска и правосудна соработка.

Заговорниците на одговорот “Не“ предупредувале дека подршката на бирачите на владиниот план значи “повеќе ЕУ“ и дека Данска со тоа тоа го губи профитот од контролата над имигхрациската политика, што претставува уверлив документ за бирачите загрижени заради планови за распределба на имигрантите меѓу членките на ЕУ.

Извор:(The Bosnia Times, Hina)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here