RUSSIA-MAY1-PROTEST-LABOUR

Стагнирачкиот економски раст и последиците од транзицијата во многу пост-комунистички држави предизвика нов и непредвиден феномен: социјалистичко-комунистичка носталгија, односно растечко мислење за периодот пред 1989 година.

Апсолутно нема никакво сомневање дека во многу држави на источна Европа транзицијата од државниот социјализам во либерална демократија била долга и трновита. Политичката либерализација и преминувањето од советската командна економија на слободниот пазар имале различни општествено-економски последици, а исто така имало и многу несиполнети ветувања и очекувања.

Додека проблемите на транзицијата варирале од земја до земја, најчесто дошло до голема невработеност, недостаток на безбедност на работа, и незибежно, економска нестабилност.

Причин и за тоа е безбедноста која ја нудел државниот социјализам и важните социјални и економски успеси на диригираната економија. Други фактори кои допринесуваат на носталгијата се неуспехот и неизвесноста на постоечкиот систем на капиталистичката лоберална демократија.

После Втората светска војна. Западот Источна Европа ја посматрал како џиновски логор од 90 милиони луѓе под комунистичка репресија. Тоа можеб и било точно од нивната перспектива на гледање во текот на периодот на Сталин, ама не и толку од доцните 1950 -ти. Во времето на паѓање на Берлинскиот зид 1989 година, луѓето од источна Европа сбе си не се сметале за заробеници на системот.

Комунистичкиот систем беше многу успешен во наметнување  во пренесувањето на социјалистичките уверувања на масите. Граѓани на многу од тие држави ги прифатиле и усвоиле вредностите на социјалистичкиот патриотизам, кој претходно ги замени националистичките и другите претходни постоечки норми во регионот.

И не само тоа, социјалистичкиот систем успеа да ги индустријализира и трансформира нивните економии. Со регионот кој пред Втората светска војна во голема мера бил општествено економски и неразвиен, доминирале успесите во инфраструктурата, производството и индустријата.

ПЛОДОВИ НА СОЦИЈАЛИЗМОТ

Од доцните 1970-ти, на пример, полската државна металуршка компанија “Zjednočenie Hutništva Zelasa i Stali” во тоа време била поголема од било која британска компанија. На списокот на светско производство била пред американската корпорација “Betlehem steel” и веднаш до”US steela”.Народна Република Полска стана голем производител и извозник на бакар и четврт најголем производител на јаглен на светот – веднаш зад САД,Русија, и Кина. Во текот на 1970 -те, полската рударска  индустрија била толку модернизирана така да дури и на Америка и продавала нашини и наука.

Унгарија стана најголем производител на меѓуградски и градски автобуси во цела Европа. Во текот на 1970-те, фабриката Икауср извезувала автоибуси за САД, каде биле користени во градскиот сообраќај во Портланд, Орегон и Лос Анџелес. Унгарија исто така планирала освојување на пазарот на електроника и обработка на ппдатоци со државната компанија Видеотон ( оснивана 1969 година). До крајот н 1970-те, таа имала повеќе од 300 милиони долари обрт годишно.

Бугарија во истиот временски период во целост го индустријализирала својот стопански сектор и создала 170 агроиндустриски комплекси, кои цела Европа ја снабдувале со свежи и конзервирано овошје и зеленчук со висок квалитет. Една државна бугарска компанија исто така успеал да создаде најголема меѓународна транспортна флота во Европа, која превезувала домати од Софија до Данска, грозје од Црното море во Холандија.

Постојат повеќе причини за објаснување на централизираниот економски систем на Источна Германија: таа имала западно индустриско наследство, високо ниво на економски напредок и генерации на квалификувани работници. Економијата на Источна Германија ги наградувала иновациите и ефикасноста, што му овозможи на ова комунистичка држава да создаде производи со највисок квалитет во Источниот блок. Иако економијата на нацијата не била совршена, недостатоците биле минимални и изгледало дека централното планирање работело многу добро.

Грижа за човекот, без големи класни разлики.

Животот за просечните жители на Источна Европа во време на државниот социјализам бил неспоредило добар, отколку пред Втората светска војна. Годишните приходи по жител во 1974 година, изнесувала 3.000 долари, во Чекословачка, до 1.200  во Романија. Во истата година во Западна германија тој изнесувал 6.000 долари, а во Шпанија 2.200.

Важно е да се напомене, дека со оглед на тоа во социјалистичките земји имало екстремно многу малку богати или многу малку сиромашни луѓе, годишната заработувачка по глава на жител во стварност е блиска со просечниот приход по особа, во споредба со земјите на Западна Европа, што значи дека имало мали разлики во економското богатство помеѓу социјалистичките и западните држави.

Економските и технолошките достигнувања во текот на советската ера била проследена со бројни вложувања во социјалните програми и јавни служби. Меѓу нив биле здравството, образованието, градинките кои биле пристапни или бесплатни. Една од главните карактеристики на социјалистичкото општество била сеопфатниот здравствен систем кој го обезбедувала државата.

Друго важно својство на социјалистичките држави секако бил и посветеноста на општото образование и искоренување на неписменоста. Комунистичкиот систем обезбедувал широко развиена образовна мрежа, од основните школи до универзитетите, додека повеќето источноевропски студенти, во зависност од земјата, пред 1989 година, добивале некој вид на државна помош во вид на школарина, сместување и книги. Иако образованието и здравството представувале само дел од јавните услуги кои го нуделе источните Европјани, тие за комунистичките режими биле основни.

Разочарување и гадење спрема капитализмот

Ова исклучително ниво на економски и социјален напредок, посебно во областа на здравството и образованиеот, од суштинско значење е за растечкото разочарување и гадење спрема капиталистичкиот систем кои граѓаните на Источна Европа го чувстуваат повремено. Значајни сегменти на населението во источна Европа денес имаат лош живот, а пост-комунистичкиот систем по правило се смета за контролиран, паразитски и неспособен, и исто така поврзан со криминал и корупција.

Секоја држава ширум регионот имала проблеми во прилагодувањето на новиот политички и економски поредок. Интересен пример е Источна Германија, чии грѓани доживеаја огромен психолошки шок, криза на идентитетот, конфузија и фрустрација од наглото преминување во капитализам, бидејќи нивните претходни животи одеднаш се сметани за безвредни. Поранетото стопанство сеуште не се опоравило, а ситуацијата сеуште е лоша заради постојаните демографски проблеми, бидејќи дојде до паѓање на бројот на населението, наталитетот и преселба на млади во Западна Германија или други делови на Европа.

Во својот натпис, “ Социјалистичка носталгија и нејзините последици во Русија, Белорусија и Украина“, социологот Стивен Бела објавува податоци кои укажуваат дека повеќе од половината на возрасното население во целиот регион на источна Европа дало позитивна отценка на социјалистичкиот економски систем.

Бидејќи социјалистичката носталгија денес претставува сё поголем феномен во Источна Европа, таа меѓу граѓаните се одразува на различни начини. Не и допринесле неуспеси и неизвесности на постоечкиот капиталистички систем и либерална демократија, во споредба за сигурноста која ја гарантирал државниот социјализам. Интересно е да се рзмислува за тоа како целиот регион ќе гледа на тоа во иднина, и дали овој вид на носталгија ќе се претворили или нема во нешто поголемо од она што моментално таа е.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here