
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган порачал како наместо единство, исламскиот свет е распарчен.
Турскиуот претседател Реџеп Таип Ердоган им се обратил на учесниците на првиот Самит на муслиманските верски лидери на Азиско-пацифичките земји во Истамбул и во текот на приликата истакнал дека многу муслимански земји, кои би требале да бидат место на спокој и мир, денес се споменуваат заради судири, крвопролевање и солзи.
Изразувајќи го задоволството дека Истамбул е домаќин на олку важен собир, Ердоган истакнал дека средбата на верските лидери од регионот во кој живеат 1,2 милијарди муслимани би требало да биде подтик за изградба на нови мостови на пријателство, соработка и толаранција, јавува Анадолија.
Турскиот претседсател Ердоган во текот на своето излагање нагласи дека клуч на успехот на секоја работа е на почетокот на истата да се донесе добра намера и долука, и во тој контекст наведил неколку извадоци од Кур`анот и изјави на пратеникот Мухаммед а.с кои токму зборуваат за тоа.
“Во коренот на бројните проблеми со кои денес се соочува исламскиот свет лежи во недостатокот на консуктации, напуштање на културата, размена на ставови и дијалог. Тоа во основа е основната причина заради која денес ни нидостасува милосрдие во заедницата. Сега повеќе не можеме да зборуваме за единството на исламскиот свет бидејќи тоа е распарчено. Уверен сум дека вакви собири на верските лидери се посебно важни за повторно воспоставување на единството на исламското општество“, истакнал Ердоган.
ТЕРОР ВО СИРИЈА
Укажувајќи на кризата во муслиманските земји во регионот во кои муслиманите меѓусебно се убиваат, Ердоган го наведил примерот на Сирија и истакнал дека и претседателот на таа земја се претставува како муслиман, ама и тоа дека неговиот државен терор свирепо уби 366.000 муслимани а и понатаму ги имаа и оние кои го подржуваат.
“ На сите име познато дека на глобаен план се спроведува кампања против муслиманите, а посебно после нападот на 11.септември во САД. Застрашувачките настани на Блискиот исток и на северот на Африка само допринесуваат кон тие идеи“, истакнал Ердоган и додал дека е многу лесно да се осудуваат другите, ама дека исламскиот свет мора и самокритички да се испита и утврди причините кои довеле да исламскиот свет постане море на крв и солзи.









