путин

Русија ја подржа иницијативата на Казахстан според која се предвидува обединување на исламските земји во борбата против тероризмот.

Во текот на состанокот со Путин, претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбајев го изнел својот предлог за борбата против терористите- односно да се формира и развие Меѓународен форум “ Исламот против тероризмот“, Путин,без и било каква дилема, ја подржал ова идеја, пишува Спутник.

Назарбајев изјавил дека она што се случува во Сирија претставува закана за сите нас, посебно за централна Азија и истовремено го подржал акциите на Русија во Сирија.
Путин добива се повеќе сојузници во по прашањето на Сирија во целиот свет, а меѓународните експери отценуваат дека реакцијата на рускиот лидер на сириската криза позитивно влијаела и на неговата репутација.

Истовремено, истражувањата покажуваат дека дури две третини од Британците, 71% од нив ги подржуваат активностите на Русија во Сирија, и покрај моменталните тензии помеѓу Москва и меѓународната коалиција на чело со САД и дека повеќето Американци веруваат дека ситуацијата во Сирија повеќе ја контролира Путин отколку Обама.

Исто така, повеќето западни експери убедени се дека ИСИЛ и другите терористички групи можат да се уништат само ако Западот ги координира своите акции и напори со Москва.

Рускиот претседател се наѓа во Кзахстан каде денес истовремено се одржуваат два самити на кои и тој учествува – самите на лиудерите на Заедницата на независните држави и Евроазискиот економски совет. Економските прашања останаа во сенка на решавање на безбедносните проблеми и предизвици со кои се соочува регионот.

“Блискиот исток е главен фронт на борбите, а ситуацијата во Авганистан речиси е многу критична“, отценил денес рускиот претседател.

Имајќи ја во предвид заштитата од било какви терористички напади, руското мкин истерство за одбрана не ја исклучува можноста според која Москва може да ја обнови заштитата на границите помеѓу Таџикистан и Авганистан заради терористичките закани.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here