japan rusija

Јапонската банка за меѓународна соработка (ЈБИК) соопштила дека Јапан е сѐ поблиску до директна размена на валути со Русија. Причина за тоа е бидејќи санкциите на западот кон Москва го отежнувва работењето низ трансакциите во долари.

“Го пручуваме влијанието на намалувањето на вредноста на рубљата, Потребни ни се  аранжмани со локалните банки во Русија. Ја испитуваме можноста од соработка со руските банки како што се Гаспромбанк, ВТБ,ВЕБ. Заради американските санкции, не можеме повеќе да користиме долар, мора да преминеме на друга валута“, изјавил еден до директорите на ЈБИК Тадаши Маеда на маргините на Источно економскиот форум во Владивосток, а пренесува порталот Раша Тудеј.

Во октомври 2014 година. Народната банка на Русија и Народната банка на Кина поитпишаа договор за размена на валути вреден 150 милијарди јуани ( околу 23,5милијарди долари) во склоп на зајакнувањето на финансиската соработка на двете земји, со цел намалување на зависноста од доларот.

Кина претставува клучен партнер на Русија, а нивната билатерална трговија изнесува 88,4 милијарди долари. Москва и Пекинг очекуваат дека до крајот на ова година трговската размена ќе достигне 100 милијарди долари.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here