Османлиите можеле да загосподарат со Америка

Колумбо побарал од султанот Бајазит 2 да го финансира неговото патување но Бајазит го одбил

Cпоред популарниот турски историчар Мурат Бардакчи големи биле можностите Турците османлии на времето да загосподарат со Америка, но за жал дека султанот Бајазит 2 се спротивставил на тоа.

Историчарот Бардакчи во интервју за еден телевизиски канал рекол дека шпанскиот морепловец Кристофор Колумбо кој ја откри Америка, тогаш наречена Новиот свет не можејќи да најде финансиски средства од шпанскиот двор за својата авантура се обратил до тогашниот турски султан Бајазит 2, со молба султанот да го финансира за да изгради бродови за да освојува нови земји во негово име, но за жал султанот го одбил.

Бардакчи вели дека доколку султанот Бајазит 2 го прифатеше предлогот на Колумбо, сега во Америка насекаде ќе се пиеше турскиот чај и ќе се зборуваше на турски јазик.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here