post image
Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) Али Ахмети потврдил дека поедини борци на ОВК во Македонија припаѓаат на “кумановската група“, ама истакнува дека нема причина и загриженост за војна, укажувајќи истовремено дека Охридскиот договор не се почитува кога во прашање е албанскиот јазик како официјален јазик, пренесува Виенски “Prese”.

“ОВК“ во Македонија во 2001 година, е демобилизирана, бидејќи тоа е договорено со мировниот договор од Охрид, и кој беше прифатен од сите членови. Особите кои сега се повикуваат на ОВК се само одредени поединци. Тие не можат да зборуваат во име на организацијата и не дејствуваат во согласност со одлуката од 2001 година“, порачал некогашниот шеф на албанската ОВК во ин тервју за виеснкиот весник.

Исто така, Ахмети како член на владејаќката коалиција изјавил дека не можа да негира дека не познава поедини луѓе од “кумановската група“.

“Поединци од “Кумановската група“ се поранешни членови на ОВК, ама тоа не значи дека подржуваме било какви цели кои се спротивни на она што се договоривме во Охрид 2001 година“, порачал Ахмети.

Според него, формирањето и целите на “кумановската група“ останува тајна, додавајќи дека не сака да учествува во било каква теорија на заговор.

Тој исто така, изјавил дека во регионот моментално кружат дезинформации, и дека вистинските мора внимателно да се одвојат од гласините и лажните информации.


“Загрижен сум заради прашањето зошто Москва од ова работа направи тема. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека евроатлантското прашање на Балканот претставува провокација за Русија. И пред неколку денови Лавров, при посета на Србија, тврдеше дека настаните во Македонија се испровоцирани од страна на НАТО, ЕУ и Вашингтон. Ваквото размислување и тврдење силно го одбивам. Сите наши граѓани, Накедонци и Албанци, јасно искажаа дека сака да пристапат кон НАТО “, истакнал Ахмети.

Тој додал дека ЕУ не побара пристапување  Македонија во ова организација (Унија)  , туку Скопје  го побара тоа од Унијата.
Ахмети смета дека постои веројатност да Русија настојува да добие што поголемо влијание во Македонија и порачува дека Москва во тоа нема да успее, бидејќи тие обиди се во спротивност со она што повеќето граѓани на Македонија го сакаат.
На прашање дали после судирите во Куманово, постои опасност за нова војна, Ахмети ја негирал таа опасност додавајќи дека нема потреба од загриженост и причина за нова војна.
Тој постетил дека Охрискиот договор и Уставот јасно кажуваат дека албанскиот треба да биде официјален јазик во целата земја, меѓутоа македонската страна тоа поинаку го толкува, и дека во врска со ова прашање постојат голем број на разлики помеѓу албанскиот и македонскиот политички блок.
Од тука, како што појаснил тој, повикани се експерти од Белгија и Швајцарија, кои треба да помогнат да се изработи закон кој во согласност со Уставот албанскиот јазик би го направил официјален.
Запрашан, дали и понатаму е доволен Охридскиот договор или е потребен нов како би се регулирал соживотот на Македонците и Албанците во заедничка македонска држава, Ахмети отценил дека секој нов обид во пронаоѓање на нов договор би претставувал чекор наназад.
“Мора да се потрудиме, духот и одредбите од Охридскиот договор да бидат претворени во дело“, порачал Ахмети.
Што се однесува на демонстрациите на опозицијата, Ахмети изјавил дека уставно право е секој граѓанин да демонстрира, ама нагласил дека протестите мора да бидат мирни.

Извор: “Prese”- обработка Дубаи Портал

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here