ВАШИНГТОН – Американскиот претседател Барак Обама смета дека рамковниот договор постигнат на преговорите за Иранската нуклеарна програма е “добар“, кој доколку во целост биде спроведен, би го спречило Иран да дојде до нуклеарно оружје.
-Денес Соединетите Американски Држави, заедно со нашите сојузници и партнери, постигнаа историски договор за разбирање со Иран, кој доколку биде спроведен во целост, би го спречило Иран да дојде до нуклеарно оружје – изјавил Обама во Белата куќа, пренесува Ројтерс.
– Доколку овој рамковен договор доведе до конечен договор, тој ќе ја направи нашата земја, сојузниците и светот посигурени – истакнал американскиот претседател.
– Ова е добар догоцор – додал Обама.
Она што е интересно е дека САД и Иран барем медиумски најлути “непријатели’ склучија договор во ист момент додека коалицијата околу Саудиска Арабија ги напаѓа шиитските бунтовници Хуси во Јемен. Хисите се шиитска групација која е потпомогната од страна на Иран во борбата против легитимно избраниот сунитски претседател Хади.
Како пренесуваат влијателните арапски медии, овој договор е постигнат под услов Иран да го намали производството на нуклеарно гориво, а за возврат да ја добие подршката на САД во доминацијата, односно како би доминирал на Блискиот Исток, а како што се наведува САД, Иран и Израел не се баш задоволни од формирањето на воениот сојуз на арапско-сунитските земји.
САД воено ги помага Иранските и Ирачките (шиити) во борбата против сунитите во Ирак, додека пак коалицијата околу Саудиска Арабија во борбата против шиитските бунтовници Хуси во Јемен, САД помага по пат на медии.
Извор: Saznajemo











