Руска подморница

Летонските сили тврдат дека  дететктирале две Руски  Кило-класс  подморници и истражувачки брод на околу 27-30 наутички миљи од водната територијална граница на ова држава, три дена откако бил забележан руски разорувач недалеку од брегот.

Кило подморниците ( според класификацијата на НАТО) ги креирале Советите, а руската морнарица започнала да ги користи од почетокот на осумдесетите години на минатиот век. Заради тоа што се тивки, и традиционално се наречени “ црни дупки“.

Движењето во летонската економска зона, ама не и во територијалните води, не ги крши меѓународните прописи, ама властите во ова балтичка држава веднаш направиле тревога заради забележување на овие пловила на границата.

Рига минатата година 50 пати наведила дека руски пловни објекти забележувани се недалеку од летонскиот брег, а 200 пати наведиле дека руски авиони ги надлетувале летонскиот воздушен простор. Иако авионите не ги преминувале летонските граници, три балтички држави веднаш се погрижиле да ги истераат руските авиони од својата територија.

Турски авиони Ф-16 во понеделникот пресретнале два руски авион ИЛ-20 кои летале “ паралелно долж граничната линија“.

Москва официјално не потврдила ниту пак ги негирала ваквите движења надвор од руската граница, ама наведиле дека маневрите се неопходни бидејќи со тоа военото особје би стекнало повече пракса, и се разбира тестирале новата технолошка опрема.

Руската морнарица му се заблагодари на Летонија на “дополнителниот публицитет“ кога последен пат било наведено дека пловилата биле забележани минатата година, а рускиот министер за надворешни работи , Сегеј Лавров, ветил дека руските воздушни операции ќе се прошират на “сите региони на светот“.

Истовремено, тенковите на НАТО пристигнаа во неспоредна близина на Естонија заради планирање на заеднички вежби оваа пролет. Владимир Путин исто така нарачал “потполна мобилизација“ на големата Северна флота, која пет дена ќе вежба во Баренцовото море, недалеку од Арктичкиот круг.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here