Во рамките на план програмата за развој на образовниот процес, на 29.12.2014 во организација на ООУ Гоце Делчев, во просториите на ова училиште беше научен семинар и ученички базар.
На оваа за прв пат ваква училишна активност преку научните и образовни достигнувања постигнати стекнати во текот на образовниот процес во оваа училиште беа прикажани сите досегашни резулати на сите ученици, од спроведени активности се разбира во претходна координација со своите раководители.
Покрај тоа, во текот на оваа активност беше презентирана и брошурата си традиционалните подгоречки рецепти, (јадења) кои се подготвуваат во нашава населба и претставуваат дел од нашата традиција.
Одреден број на такви традиционални рецепти на храна, како и оние модерните,јадења посетителите имаа можност да ги вкусат, бидејќи истите беа представени и изработани од страна на родителите на нашите ученици.
Како и што претходно напоменав, ова се организира по прв пат, и по нејзиното завршување и покрај малиот недостаток на електрична енергија , овој настан ги исполни сите наши предвидени планови, како од интересот и посетеноста на родителите и граѓаните така и од организација на наставниците кои преку своите активности, пренесени преку нивните ученици, ја разубавија оваа наша активност, а од друга страна и сликата на нексриеното задоволство од страната на родителите и сите оние кои не посетија.
Се разбира оваа активност ќе продолжи понатаму во наредната година како оставен дел од нашите планирани активности покрај и сите други кои се вклучени во нашата план програма, и се разбира наредната година ги збогатиме со и различна содржина, со кои уште еднаш ќе ги покажме нашите резултати од нашите ективности преку учениците од оваа училиште.
Собраните финансиски средства од сите оние кои со различни изработки, јадења, и останато се претставија на училишниот базар, ќе бидат употребени за потребите на ова училиште, односно набавување-изработка на бина, преку која уште една ќе ги надополниме сите елементи кои ни се потребни за целосно реализирање на нашите активности, преку претставувањето на нашите уленици преку: претстави, песни, артистички способности, рецитали и останатот.
Се надеваме дека ќе ја дочекаме и наредната гиодина и уште еднаш покажеме можностите у умеењата на нашите ученици, ни изјави директорот на ова училиште г-дин Фадил Исламоски.
Dubai-portal.com.mk










