Позитивен став кон ЕУ, но без верба во членство

Иако 41% од младите во Македонија имаат позитивен став кон Европската Унија, речиси половина од нив не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка. Ова го покажува истражувањето спроведено во јуни 2025 година, во соработка со платформата „Студентарија“.

Кога станува збор за иднината на земјата во ЕУ, истражувањето покажува дека46,5 проценти од испитаниците не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на ЕУ, додека 35,8 отсто веруваат дека членството е можно, но во подалечна иднина. Само 6,7 проценти веруваат дека земјата ќе може да стане членка на ЕУво текот на следните пет години, додека 11 отсто не знаат или немаат мислење за ова прашање.

Корупцијата – најголемата пречка за интеграција

Во анкетата се опфатени 1.000 млади луѓе од земјата, од кои 81,5 отсто студенти на додипломски или постдипломски студии. Дури 84,6% од испитаниците ја посочиле корупцијата како главна пречка за членство во ЕУ.

Следуваат билатералните спорови (61%) и ниската доверба во институциите (60%). Овие фактори ја поткопуваат вербата во европската перспектива и го поттикнуваат иселувањето.

Повеќе на:dw.de