Тројца катарски дипломати загинаа во сообраќајна несреќа во неделата во египетскиот туристички град Шарм ел Шеик на Црвеното Море, а уште двајца се повредени, пренесуваат два безбедносни извори кои разговараа со Ројтерс.

Останува нејасно дали дипломатите биле дел од преговарачкиот тим на Катар, кој, заедно со египетските претставници во Шарм ел Шеик, помогна претходно оваа недела во постигнувањето договор меѓу „Израел“ и Хамас како дел од првата фаза од планот за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп.

Шарм ел Шеик е закажан да биде домаќин на глобален самит во понеделник, чија цел е финализирање на договор со кој се става крај на тековниот конфликт во Газа.